Клучно прашање: Зошто не успевате да ослабите?

Дали сте размислувале за тоа дека можеби не се виновни одредени намирници, ниту генетиката, туку дека проблемот е во вишокот…

Не, не во вишокот храна, туку во вишокот диета?! Прва асоцијација за губење килограми е диета. Главно, станува збор за неурамнотежени шеми на исхрана, кои можеби даваат краткорочни резултати. Но по диетата, килограмите се враќаат брзо, а организмот е истоштен. Значи, тоа не е најдобриот пат. Наместо диета, изберете умереност. Резултатите ќе ве воодушеват.

Што треба да правите?

Доволно е само малку повеќе да внимавате на калориите. Прво, почнете да ги читате декларациите. Некои експерти советуваат да користите засладувачи и намирници што ги содржат, затоа што на тој начин внесувате помалку калории, а вашето тело нема да копнее по забранетата храна, како што се слатките. Начинот на исхрана се менува полека, а не од корен. Тргнете со мали чекори и резултатите ќе ве воодушеват.

1 Затоа што константно внесувате повеќе калории отколку што трошите.

2 Затоа што не знаете колку всушност јадете. Истражувањата покажуваат дека грешиме во процената колкаво количество храна треба да консумираме, и тоа за 20-50%, што прави голема разлика. Едноставно, не знаеме колку јадеме, а свеста за тоа е клучен фактор што одредува дали килограмите ќе се намалуваат или зголемуваат.

3 Затоа што не сте доволно активни.

Ако водите седентарен начин на живот, многу лесно ги надминувате дневните калориски потреби, па дури и ако внесувате малку храна, килограмите ќе се накачуваат. И минимална активност влијае врз трошењето калории.

Како да ја задржите посакуваната тежина?

Можеби барате лесни решенија и мислите дека губењето килограми е комплицирано или избирате намирници што ги топат масните наслојки и правите целни вежби за салото на стомакот, но сето тоа е губење време. Треба само да пронајдете рамнотежа меѓу внесувањето и трошењето калории. Тоа се постигнува со избалансирана исхрана и со зголемена физичка активност. Додека не внимавате на внесувањето и трошењето енергија, нема да ги постигнете саканите резултати.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време