Кејт Мидлтон секој ден го пие овој сок: Затоа на неа нема ни грам вишок!

Согорувач на масните наслаги

За да биде вита, но и полна со енергија, Кејт секој ден го пие овој сок

Според американските медиуми, еликсир на убавина и здравје е домашниот сок од кељ што Кејт Мидлтон го пие секое утро.

Многумина ја бараат тајната на нејзиниот изглед, особено откако сите ги воодушевила со беспрекорната линија веднаш по раѓањето на ќерката Шарлот.

Имено, Кејт својот еликсир за убавина и енергија го нашла во сокот од кељ, зеленчук кој го мати во блендер и добива супер-здрава зелена напивка.

Војвотката овој моќен сок го пие секое утро, а го испила и утрото пред да тргне во болница за да го роди своето второ дете, принцезата Шарлот.

Мајката Кејт сама ги приготвува своите еликсири во Анмер Хол, новиот дом на младото кралско семејство, а во тајната на приготвување сокови ја упатила нејзината сестра Пипа, која го изучува нутриционизмот.

Во ова скриено мирно место во Велика Британија (селото Анмер брои вкупно 63 жители), многу е лесно за Кејт сама да се грижи за здравата исхрана на своето семејство!

„Купува свежи локални производи“, тврдат американски извори.

„ И тоа сѐ органско. А принцезата се однесува нормално помеѓу локалните жители и некој не ѝ пречи. Луѓето ја оставаат да дише и никој не бара селфи-фотографија со неа!“

Миранда Кер секој ден го започнува вака: Благодарение на овој трик има тело од соништата!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.