Како лек се користи повеќе од 2.000 години: Цвеклото ги лекува овие 7 здравствени проблеми како на шега!

Чудесен дар на природата

Shutterstock

Оваа лековите билка е вистинска ризница од витамини и може да го прероди организмот

Цвеклото е народен, природен антианемик, антибактерик, антикарцином, антипиретик, антиоксиданс, антисклеротик, детоксикант, диуретик, реминерализант.

Богато е со витамини и минерали, содржи висок процент на железо, а особено е богато со протеини, масти и јаглехидрати.

Го снижува крвниот притисок

Цвеклото е богато со нитрати кои во телото се претвораат во азотен оксид што ги опушта и шири крвните садови, што доведува до подобрена циркулација и го снижува притисокот. Според едно истражување, само една чаша сок од цвекло дневно успешно го снижува крвниот притисок.

Го намалува ризикот од срцеви болести

Содржи многу алкалоиди, бетаини и фолати од витамин Б, кои здружени го снижуваат холестеролот во крвта. Па затоа, може да биде одлична превенција од болести на срцето и крвните садови.

Ја подобрува издржливоста

Професионални спортисти се колнат во моќта на овој скромен корен. Зошто? Нитратите што ги содржи му даваат сила на телото и издржливост. Истражувањата со спортисти ги потврдиле овие позитивни ефекти. Потребно е да изедеме 3 до 5 парчиња цвекло дневно (или да го испиете како сок, супа) пред спортски тренинзи за да добиеме подобар резултат. Инаку, нивото на нитрати во телото е највисоко 2 до 3 часа по консумирање цвекло.

Ја подобрува мозочната функција

Азотниот оксид, како што спомнавме, ги опушта и шири крвните садови. Истовремено, се намалува измената на материи и нервната активност во мозокот. Цвеклото тука има улога на погонско гориво. Истражување од 2010 година покажало дека луѓето што два дена биле на исхрана богата со нитрати биле подобро сконцентрирани, организирани и попрецизно ги извршувале задачите од оние што консумирале малку нитрати.

Ја поттикнува функцијата на црниот дроб

Секојдневното консумирање цвекло го спречува насобирањето маснотии во црниот дроб. И тоа е заслуга на бетаинот кој освен во цвеклото, можеме да го најдеме и во спанаќот и во киноата. Црниот дроб може и да се намали благодарение на внесувањето бетаин.

Помага за хронични болести

Цвеклото е богато со беталаини, вид антиоксиданси кои, според научниците, успешно се борат против слободните радикали, спречувајќи ги воспаленијата во телото и хроничните болести. Одлично е и за намалување килограми, па дури и за превенција од рак.

Добро е за дигестијата

За подобрување на дигестијата потребно е да јадете храна богата со влакна, како што е цвеклото. Чаша сок од цвекло го намалува ризикот од констипација, хемороиди и дивертикулитис, а бетаинот помага и за варење на храната во желудникот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.