Како да знаете дали внесувате премногу протеини?

Многумина избираат високо протеинска исхрана за да ја подобрат својата форма или да градат мускули.

Протеинот е ефикасна алатка за губење на тежината, но исто така е важен и за нашето тело затоа што обезбедува аминокиселини и помага во закрепнување и градење мускули.

Луѓето често се сомневаат дека внесуваат премалку протеини и најчесто се обидуваат да проверат дали имаат некој од петте симптоми што го покажуваат ова.

Препораката е да се консумираат 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина, според Медицинскиот факултет Харвард. Тој број се искачува до 1,2 до 1,7 грама на килограм ако кревате големи тегови или тренирате напорно.

Се разбира, исто така е можно да се претера и да се јаде премногу протеини. Еве како можете да откриете дали е тоа случај со вас.

Вие добивате тежина

Иако исхраната богата со протеини промовира губење на тежината, ако претерате, се собираат калории што го прави спротивното и се дебелеете.

„Дополнителните калории се претвораат во маснотии. Ова е особено случај ако јадете протеини од многу масни извори како што се сирење и масно месо“, објаснува диететичарката Лиз Вајнанди.

Имате проблеми со варењето

Премногу протеини можат да доведат до запек или дијареја, објаснуваат експертите од клиниката Мајо.

Исхраната базирана на протеини понекогаш го намалува внесувањето на влакна кои го регулираат варењето на храната. Без доволно влакна, веројатно имате болен запек. Од друга страна, ако јадете премногу млечни производи богати со протеини, може да добиете дијареја, особено ако сте нетолерантни на лактоза.

Ве болат бубрезите

Ако јадете навистина големи количини на протеини, подолг временски период, тоа е стресно за бубрезите, вели Вајнанди.

„За луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес или само земаат лекови кои влијаат на бубрезите, исхраната што вклучува многу протеини може да предизвика проблеми со бубрезите или болка“, објасни таа.

Нејзиниот совет е да вклучите повеќе растителни протеини во вашата исхрана, како што се леќа и јаткасти плодови, кои имаат понежен ефект врз овој орган.

Прочитајте и: Го нарушува изгледот и ги уништува органите: Сите го користиме овој зачин, а не сме ни свесни колку е опасен по здравјето!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.