Јогурт-диета: Без многу откажувања, ги топи килограмите и ги исфрла насобраните токсини!

План за исхрана

Ако сакате брзи резултати, оваа диета е за вас

Ако сте качиле понекој килограм за време на празниците, добро ќе ви дојде оваа диета. Доколку сакате да го истанчите струкот, тука ќе ви помогне една здрава напивка – јогуртот! Тој е главната намирници во овој начин на исхрана, кој трае само 3 дена.

Сите предности на диетата со јогурт

Дејството на диетата со јогурт се заснова на придобивките од пробиотичкиот јогурт, кој го поттикнува здравјето на цревната флора. Благодарение на него, храната побрзо се вари, па така се излачуваат токсините од телото. Кога храната темелно се вари, се подобрува и здравјето на цревата, а со самото тоа и општото здравје на организмот.

За време на оваа диета, се препорачува дневно да се пие до 2 литри јогурт. Покрај јогурт, може да се јаде свежо овошје, зеленчук и месо.

Прв ден
  • За појадок изедете салата од краставици зачинета со јогурт. Или чаша овошен јогурт со лажица овесни снегулки по желба.
  • За ручек испечете пилешко месо на маслиново масло, а како прилог изедете два домати и јогурт. Исто така, за ручек можете да издинстате пиперка или тиквичка на лажиче маслиново масло, измешајте го тоа со 50 г ориз и додајте малку сол и бибер. Наместо десерт, земете јогурт со свежо овошје.
  • За вечера пригответе си сечкан морков, јаболка и 50 г шунка, пропржете ги на лажиче маслиново масло и прелејте го тоа со чаша немасен јогурт. Доколку повеќе ви се допаѓа, можете да измешате зрнесто овошје со јогурт и да уживате во вкусната вечера.
Втор ден
  • За појадок повторно исечкајте краставица на коцки, прелејте ја со чаша немасен јогурт и додајте малку сол и бибер.
  • За главниот оброк исечкајте 150 г мисиркино филе на коцки, додајте сол и бибер и пропржете ги на маслиново масло. Додајте исечкани шампињони (50 г), домати и пиперка, а кога ќе омекне зеленчукот, додајте чаша јогурт. Друга варијанта за ручек може да биде продинстани печурки и ориз на маслиново масло.
  • Пред спиење, изедете два моркова и јогурт или една лажица шумско овошје, прелиено со две чаши јогурт.
Трет ден
  • За појадок, измешајте чаша јогурт, излупено и сечкано јаболко, малку цимет и додајте малку сол и бибер.
  • За ручек, испечете околу 150 г филе од ослиќ на скара и направете салата од јогурт: сечкана краставица и малку сенф.
  • За вечера, сварете 100 г тестенини, додајте сечкана пиперка и варено јајце, па сето тоа заедно прелејте го со јогурт.

Оваа диета не смеете да ја држите подолго од три дена за да не го оштетите организмот. По три дена вратете се на нормалната исхрана, а ако сакате ја повторите, почекајте три недели.

За три дена минус пет килограми: Диета со компири и јогурт
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.