Јадете сардини што е можно почесто и ќе живеете долго и без болести: Еве зошто!

18 силни причини

Помагаат во лекувањето воспаленија, го снабдуваат телото со клучни материи, помагаат дури и во борбата против депресија

Сардините, за повеќето луѓе, не се на листата на највкусна храна. Секако дека за вкусовите не треба да се дискутира, но кога ќе прочитате зошто е добро да се јадат сардини, ќе сфатите дека вреди да ги консумирате поради овие нејзини 18 придобивки…

Исклучително богати со протеини

Пакување од 80 г сардини содржи дури 23 г протеини! Имајте предвид дека препорачаната доза е 24 до 28 г од оваа значајна материја.

Помагаат во лекувањето воспаленија и го намалуваат ризикот од појава на болести

Сардините се одличен извор на ЕПА и ДХА, две масни киселини за кои науката потврди дека лекуваат воспаленија. Со оглед на тоа што воспаленијата се коренот на повеќето болести, сардините ќе ви помогнат во спречувањето разни заболувања.

Ризница на клучни витамини и минерали

Оваа намирница е одличен извор на витамин Б12, витамин Д, калциум и селен. Витаминот Б12 е особено важен, со оглед на тоа што истражувањата покажале дека дури 40% од луѓето страдаат од негов недостиг.

Го чуваат здравјето на коските

Поради големата количина на калциум, сардините можат да ви помогнат да го сочувате здравјето на коските. Вкупно 50 г сардини содржат неверојатни 217 мг калциум!

Помагаат за лекување депресија и анксиозност

Сардините содржат многу омега-3 масни киселини, а новите научни откритија укажуваат на тоа дека постои силна врска помеѓу оваа супстанција и неподложноста на депресија.

Го регулираат шеќерот во крвта

Протеините и здравите маснотии од сардините се совршена комбинација што ја забавува апсорпцијата на шеќерот во крвта.

Го намалуваат апетитот

Кога ќе изедете сардини како оброк, толку многу ќе ве заситат што нема да чувствувате желба за грицки и непотребна ужина. Тоа воедно ќе ви помогне и да ослабите.

Сардината е една од најмалку загадените риби

Сардините не содржат метали и еден куп токсини како повеќето риби, како што се туната и сабјарката.

Не влијаат лошо врз животната средина

Овие ситни риби се наоѓаат практично на самиот крај од синџирот на исхрана, бидејќи се хранат со планктони.

Го чуваат срцето

Редовната консумација на доволна количина на омега-3 масни киселини од рибите, како што е сардината, е одлична за срцето, бидејќи го снижува холестеролот и крвниот притисок, па со самото тоа го спречува и настанокот на крвни згрутчувања.

Моќен борец против рак

Истражувањата покажале дека доволното внесување калциум и витамин Д може многу да помогне во спречувањето на неколку видови рак.

Силен антиоксидант

Сардините содржат селен, минерал кој помага во неутрализирањето на слободните радикали, со што го спречува оштетувањето на внатрешните органи.

Го подобруваат имунитетот

Со честа консумација на сардини, можете да изградите силен имунитет – науката покажала дека рибиното масло од сардините влијае врз зголемувањето на бројот на клетките кои се клучни за добар имунитет.

Одлични се за кожата

Масните киселини од сардините играат голема улога во здравјето на кожата. Тие ги ублажуваат воспалителните процеси на кожата и ѝ даваат здрав сјај.

Ја регулираат инсулинската резистенција

Инсулинската резистенција е еден од најчестите причинители на дијабетес, тоа е практично состојбата пред дијабетес. Сардините можат значително да ви помогнат да го ослободите телото од оваа опасна состојба.

Го намалуваат интензитетот на слабеењето на видот кај повозрасните луѓе

Добра вест за сите оние што ѝ се приближуваат на 50-та година – сардините можат да ви помогнат да ја спречите загубата и слабеењето на видот.

Го чуваат здравјето на мозокот

Маслото и масните киселини од рибите се одлични за мозокот. Тоа можеби е логично, со оглед на тоа што самиот мозок е сочинет од 60 отсто маснотии.

Ризница на бакар

Сардините се пребогати со бакар, минерал кој е клучен за создавање енергија од јаглехидратите складирани во клетките.

Со помош на овие намирници богати со протеини ќе ги зачувате мускулите дури и ако малку се опуштите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.