Ја решаваме вечната дилема! Еве колку долго јајцата може да се чуваат, а да не се расипат

Стручњаците истакнуваат дека јајцата можеме да ги јадеме  и во четвртата и петата недела, ама не смеее овој рок да се надмине затоа што може да се појават бактерии, како Ешерихија коли и салмонела.

Замрзнатите јајца може да траат и до година дена, ама никако не смеете да ги замрзнувате сосе лушпа. 

Можете да ги замрзнете на два начина-така што ќе ја одвоите жолчката од белката па да ги користите по потреба или да ги замрзнете заедно.

Ако сакате да сочувате јадење во кои има јајца, препораката на ФДА е да ги држите во фрижидер и да ги изедете во рок од три дена.

Тврдо варените јајца може да останат во фрижидер и до 8 дена.

Свежите јајца кои термички ќе се обработат (тврдо варените јајца) може да се чуваат во фрижидер и да се конзумираат во рок од 8 дена. Треба да се чуваат со лушпа, а ако таа е оштетена или напукната треба да се изедат во рок од 2-3 дена. 

Јајцата кои се веќе сварени,ама излупени и немаат лушпа треба да се чуваат во фрижидер и да се изедат во рок не подолг од 48 часа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.