Исповед на жена која ја пробала диетата со јајца и вино: „Не можев да дишам, ме болеше цело тело!“

Се покајала!

Новинарка решила сама да открие дали популарната диета навистина е делотворна како што пишувало

Една новинарка одлучила да ја проба диетата која била објавена во книгата „Секс и слободна девојка“ уште во 1962 година од страна на авторката Хелен Герли Браун.

Диетата повторно била објавена во „Vogue Body and Beauty Book“ во 1977 година, а во последно време стана актуелна на социјалните мрежи, па таа решила да ја проба и да види дали навистина ќе и’ помогне да изгуби два ипол килограми за три дена.

Се измерила првиот ден и вагата покажала 60,9 килограми. Единствениот оброк што не вклучува јајца и вино е вечерата. За вечера се јаде 150 грама месо, а појадокот се состои од едно јајце и една чаша вино, па кафе, додека за ручек треба да изедат две јајца и да се испијат две чаши вино со кафе.

Првиот ден до пладне била малку поднапиена и признала дека животот и’ бил убав. За ручек и’ било тешко да испие две чаши вино, немала енергија за ништо, а не била ни поднапиена.

Лимонот и парчето месо биле вкусни за вечера, но признава дека не била гладна и се запрашала дали веќе ја преминала границата и почнала да гладува.

Откако ја изела вечерата, одеднаш почувствувала многу енергија. Следниот ден се измерила и имала 60,3 килограми. Забележала дека стомакот и’ бил порамен од претходно.

Но кога станала од кревет, почувствувала остра болка во бубрезите и имала запек. Попладне нашла насловна страница од магазинот „Vogue“ која ја претставувала оваа „револуционерна“ диета и го прочитала насловот:

„Како да изгледате добро и да се чувствувате живо“.

Била уверена дека диетата не ја направила поубава, а уште помалку пожива. За ручек едвај успеала да ги изеде јајцата.

„Можеби оваа диета навистина делува, бидејќи ќе ве натера да не јадете ништо“, открила новинарката.

Веќе до 16.30 часот не можела ништо да прави и легнала во кревет со страшна главоболка. По вечерата била поднапиена, но не и’ било забавно.

„Се чувствував целосно одвоено од моето тело. Заспав уште во 21 часот“, напишала и додала дека утредента вагата покажувала 59,7 килограми.

„Се разбудив уморна и се тресев. Не можев да дишам и многу ме болеше стомакот. Изгледав испиено и сиво, но слабо.“

Тој ден веќе била многу уморна, а изјавила дека не чувствувала ништо друго освен киселини во уста.

„Целото тело ме болеше, стомакот, цревата, бубрезите, главата и забите, а не можев ни да одам. Секоја голтка вино ми беше премногу и чувствував дека не можам да издржам повеќе. Отидов во тоалет и повратив, но ништо не излегуваше. Тоа не е нормално и не е во ред. Му раскажав сè на дечко ми плачејќи и ми кажа да го изедам авокадото што го имав во биро. Го направив тоа и ја прекршив диетата пред крајот. Не сакав повеќе да си нанесувам болка.“

Изгубила половина килограм, значи ни приближно колку 2,5 килограми што ги гарантира диетата, но признава дека оваа диета ја скршила емоционално.

„Не ми се верува дека жените ја препорачувале диетава толку долго“, напишала во својата статија.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време