Исчистете ги цревата, исфрлете ги вишокот вода и отровите од организмот: Домашен пробиотик, подобар од кој било лек!

Совршена напивка пред летување!

ФОТО: Shutterstock

Оваа напивка е совршена пред заминувањето на море, бидејќи дејствува како пробиотик и го прочистува организмот

Сите се соочуваат со нарушувања во дигестијата одвреме-навреме. Па затоа, потребно е средство што ќе ја спречи оваа состојба или ќе ви помогне да се вратите во нормала.

Прочитајте го овој рецепт за напивка што го чисти телото, ја подобрува работата на дигестивниот систем и дава чувство на леснотија.

Состојки:
  • 500 милилитри млака вода
  • 1 чајна лажица чиа-семки
  • сок од 1 лимон
  • сок од 1 грејпфрут
  • изрендано парче свеж ѓумбир
Приготвување:

Сипете вода во тенџере, па додајте ѓумбир и оставете ја водата да врие додека се вари ѓумбирот (околу 5 минути). Кога ќе се излади водата, додајте го сокот од лимон и грејпфрут, чиа-семе и оставете го да отстои уште 15-20 минути. Испијте го пијалакот во текот на денот.

Оваа напивка е совршена пред заминување на море или за време на престојот на море. Дејствува како пробиотик и го прочистува организмот.

Чиа-семки

Чиа-семките содржат голема количина растворливи и нерастворливи влакна. Кога ќе се потопат во вода, стануваат 15 пати поефикасни, бидејќи формираат еден вид гел што го заситува телото, дава енергија и го прочистува желудникот. Една порција ја содржи препорачаната доза на влакна дневно, ова семе помага и при регулацијата на нивото на инсулин, односно го подобрува процесот на варење.

Чиа-семките кои создаваат желе во желудникот, дејствуваат како пробиотик, го поттикнуваат создавањето на добрите бактерии кои го одржуваат здравјето на цревната флора. Исклучително корисни се за слабеење.

ФОТО: Shutterstock

Лимон

По својот хемиски состав, сокот од лимон е сличен на дигестивниот сок. Па затоа, лимонот придонесува за подобрување на процесот на варење и прочистување на цревата. Сокот од лимон ја намалува подуеноста, го стимулира црниот дроб и ги отстранува отровите.

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи триптофан кој ни овозможува да се смириме и да се релаксираме, па со самото тоа го поттикнува здравиот сон и ги ублажува симптомите на несоница. Грејпфрутот содржи и многу вода со што ја спречува дехидрацијата на организмот. Ова овошје прави еден вид рестартување на целиот организам, па се препорачува да се консумира наместо појадок или заедно со појадокот.

Ѓумбир

Предноста на ѓумбирот е неговата способност да го одржува здравјето и да ги спречи дигестивните нарушувања. Ги отстранува киселините, подуеноста и болките во стомакот.

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време