Храна што го прочистува црниот дроб и ги согорува калориите: Мора да се најде на вашата трпеза!

Го забрзува метаболизмот!

Со оваа храна ќе заборавите на лековите

Се’ што внесуваме во организмот мора да помине низ црниот дроб, па така тоа е органот што најмногу страда. Тој со својата функција го штити телото, а со лошите прехранбени навики можеме значително да ја нарушиме неговата моќ.

Масната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб, кој има функција на филтер што го чисти организмот од штетните состојки. Токму поради тешката работа што ја врши, црниот дроб може да биде многу оптоварен, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Постои начин на кој можете да го прочистите. Некои производи се одлични за таа намена. Освен што го прочистуваат црниот дроб, тие помагаат и за брзо согорување на калориите.

Со оглед на тоа што црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болниот црн дроб нема да предизвика никаква болка како предупредување дека нешто не е во ред. Многу е тешко да се открие заболувањето на овој орган, но одлична вест е што црниот дроб може да се обновува, па така, секоја нанесена штета може да биде санирана.

Овие производи го прочистуваат црниот дроб:

Лук

Поттикнува создавање ензими што му помагаат на телото да ги исфрли отровите.

Цитруси

Богати се со витамин Ц, па затоа цитрусите се силни антиоксиданси кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните елементи.

Цвекло

Богато е со флавоноиди, ја стимулира работата на црниот дроб и ја подобрува нејзината функција.

Зелен чај

Овој чај е богат со состојката катехин кој е силен антиоксиданс што го штити организмот.

Зелен листест зеленчук

Спанаќот, блитвата и зелената салата се полни со хлорофил, па многу се ефикасни во неутрализацијата и исфрлањето на отровите од организмот.

Ананас

Изобилува со витамин Ц, па дејствува како природен диуретик кој го ослободува телото од отрови.

Нане

Листовите нане се богати со флаваноиди кои делуваат како силен антиоксиданс.

Ѓумбир

Многу моќен антиоксиданс што го забрзува метаболизмот и помага за исфрлање на маснотиите од телото.

Ореви

Содржат голема количина омега-3 масни киселини и аминокиселини што го забрзуваат процесот на детоксикација.

Зелка

Исто како брокулите и карфиолот, зелката силно влијае врз ензимите на црниот дроб, кои ја регулираат и забрзуваат нејзината функција.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.