Го вари шеќерот со неверојатна брзина: Оваа билка е спас за дијабетичарите

Неверојатно лековита

Оваа билка е лек за луѓето кои имаат покачен шеќер, а се одгледува многу едноставно

Попозната како сладок компир, чичоката најчесто се користи кај луѓе болни од шеќерна болест.

Особено е познат по тоа што не содржи скроб, туку полисахарид инулин, поради што чичоката во исхраната најчесто ја користат дијабетичари.

Оваа била е препознатлива по високот стебленце и големите жолти цветови. Потекнува од Северна Америка, но распространета е низ целиот свет.

Преживува суша, но и многу ниски температури и до – 30 степени. Сака влага, но не се препорачува да се сади во почва на која претходно растел или уште расте сончоглед. Може да се сади во доцна есен или на почеток на пролет.

Чичоката има многу ниска калориска вредност и многу нутриенти. Таа содржи калиум, фосфор, калциум, железо и магнезиум. Покрај тоа, содржи и витамини А, Б, Ц и Д, како и есенцијални аминокиселини. Најважната состојка, сепак, е инулинот. Од таа причина, чичоката е идеална храна за дијабетичари, бидејќи се користи и за индустриска екстракција на инулин – полисахарид кој не произведува глукоза, туку фруктоза.

Инулинот е пробиотик, што значи дека ќе го стимулира развојот на корисни бактерии во цревата, кои имаат повеќе позитивни придобивки за нашето здравје. Чичоката е истовремено добра и за луѓето што страдаат или се изложени на ризик од кардиоваскуларни болести, бидејќи придонесува за генерално намалување на лошиот холестерол. Воедно, ја за зајакнува крвта и помага за анемија и други болести на крвта и крвните садови.

Други лековити својства на чичока:
  • Го зајакнува имунитетот и целиот одбранбен систем на телото
  • Помага за зајакнување на либидото
  • Ја зголемува плодноста
  • Го намалува ризикот од стерилитет
  • Поттикнува потенција
  • Има антибактериско и антиоксидативно дејство
  • Може да се користи како природен диуретик
  • Одлична е за превенција на алергии
  • Помага за зајакнување на коските во случај на остеопороза
  • Го регулира крвниот притисок
Како се јаде чичока?

За разлика од компирот, чичоката може да се јаде потполно сирова. Поточно, не треба да се обработува термички, и така ќе добиете повеќе од нејзините нутритивни вредности. Во сирова форма, од чичока можете да приготвувате салати, а ако ја сварите, можете да ја послужите како супа, прилог, вариво.

Вака се лекуваат Русите и ден денес: Компирот го лекува цело тело, но само ако се консумира на овој начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.