Го прочистуваат црниот дроб од токсини и го забрзуваат метаболизмот: Овие намирници се покорисни од многу лекови!

Тврдење на нутриционисти

Фото: Getty Images

Задолжително внесете ги во менито

Сѐ што внесуваме во организмот, мора да помине низ црниот дроб, па така тоа е органот што најмногу страда. Тој со својата работа го штити телото, а со лошите прехранбени навики можеме значително да ја нарушиме неговата моќ.

Масната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главниот непријател на црниот дроб, кој има функција на филтер што го прочистува организмот од штетните состојки. Токму поради тешката работа што ја извршува, црниот дроб може да биде многу оптоварен, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Но постои начин на кој може да се прочисти. Некои намирници се одлични за таа цел. Освен што го чистат црниот дроб, тие помагаат и за брзо согорување на калориите.

Со оглед на тоа што црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болниот црн дроб нема да предизвика никаква болка како предупредување дека нешто не е во ред. Многу е тешко да се открие заболувањето на овој орган, но одлична вест е дека црниот дроб може да се обновува, па така секоја нанесена штета може да биде санирана.

Овие намирници го прочистуваат црниот дроб:

Лук

Поттикнува создавање ензими што му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

Цитруси

Богати со витамин Ц, цитрусите се моќен антиоксиданс, кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните елементи.

Цвекло

Богато со флавоноиди, ја стимулира работата на црниот дроб и ја подобрува неговата функција.

Зелен чај

Состојката катехин со која е богат овој чај, е силен антиоксиданс кој го прочистува организмот.

Зелен листест зеленчук

Спанаќот, кељот, блитвата и зелената салата се преполни со хлорофил, па многу се делотворни во неутрализацијата и исфрлањето на токсините од крвниот систем.

Ананас

Изобилува со витамин Ц, па дејствува како природен диуретик што го ослободува телото од токсини.

Нане

Листовите на нане се богати со флавоноиди, кои дејствуваат како силен антиоксиданс.

Ѓумбир

Многу моќен антиоксиданс, кој го забрзува метаболизмот и помага за исфрлање маснотии од телото.

Ореви

Содржат голема количина на омега-3 масни киселини и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.

Зелка

Исто како брокулите и карфиолот, зелката силно дејствува на ензимите на црниот дроб, кои ја регулираат и ја забрзуваат неговата работа.

Јадете почесто круши – Спас за црниот дроб, ги исфрла токсините и помага при слабеење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.