Главоболката и заборавеноста се првите знаци дека на вашето тело му недостигаат 4 важни супстанции

Подобрете ја исхраната!

Дали сте знаеле дека недостигот на витамин Б6 може да влијае на развојот на васкуларните болести?

Темпераментните луѓе, кои имаат низок отпор на стрес, се склони кон мигрени. Освен тоа, оваа склоност може да биде наследна, а појавата на главоболка зависи и од полот (жените страдаат од мигрени почесто од мажите). Постојаниот стрес и нервирање исто така имаат сериозно влијание врз здравјето.

Покрај овие фактори, исхраната исто така игра голема улога. Научниците откриле дека недостигот на одредени витамини и макро елементи може да биде причинител на главоболки.

Ова се тие витамини и макро елементи…

1. Витамин Б9 (фолна киселина) и витамин Б12

Поради недоволната количина на овие супстанци во телото, луѓето стануваат заборавени, расеани и раздразливи. Покрај тоа, кога ќе се јави главоболка, земаме лекови што содржат аспирин, а тој го намалува нивото на фолна киселина и витамин Б12.

За да го надокнадите овој недостиг, треба да јадете спанаќ, тиква, брокули, аспарагус, авокадо, репка, морков и јајца. Обидете се да внесете овие производи во секојдневната исхрана и ќе видите дека ќе се чувствувате подобро.

2. Бакар и железо

Тие се исто така важни макро елементи. До нивен недостиг најчесто доаѓа кај жените, а тоа доведува до појава на анемија, мигрена, хипотензија, депресија и умор. Овие важни супстанции може да ги добиете од оревите, гравот, козјото сирење, авокадото, зелената салата, семките, џигерот и алгите.

3. Витамин Б6

Недостигот од овој витамин доведува до развој на васкуларни заболувања. За да го спречите, јадете повеќе грав, свеж зеленчук, житарки. На тој начин ќе го сочувате здравјето на виталните органи, како што се срцето и мозокот, а ќе ги зајакнете и нервниот и кардиоваскуларниот систем.

4. Витамин Д

Ова е важен витамин што се создава во телото кога е изложено на сончева светлина. Во периодот есен-зима нема доволно сонце, така што мора да се погрижите да внесувате храна богата со овој витамин, а тоа се јајцата, мешунките, џигерот, морските плодови и млечните производи.

Не заборавајте дека здравата исхрана, спиењето, прошетките на свеж воздух и вежбањето се клучот за здравје и долговечност. Здравиот начин на живот ја намалува зачестеноста на мигрените и нивниот интензитет.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.