Тиквичките се нискокалорични, богати со вода, витамини и растителни влакна, а можат да помогнат во варењето, здравјето на срцето и регулирањето на шеќерот во крвта.
Летото е незамисливо без тиквички, кои се едни од најпопуларните сезонски зеленчуци. Освен што лесно се подготвуваат на различни начини – како салата, прилог, чорба или замена за тестенини – тие носат и бројни здравствени придобивки. Благодарение на тоа што содржат околу 95 проценти вода и многу малку калории, се одличен избор за секојдневната исхрана.
Редовната консумација на тиквички може да го подобри варењето и да помогне во спречување на запек. Тие се добар извор на растителни влакна, кои ја поттикнуваат работата на цревата и придонесуваат за здрава цревна микрофлора. Воедно, високата содржина на вода помага во подобра хидратација на организмот.
Тиквичките се богати и со антиоксиданси, витамин Ц и калиум
Овие хранливи материи го поддржуваат имунитетот, ги штитат клетките од оксидативен стрес и придонесуваат за здравјето на срцето и крвните садови. Благодарение на нискиот гликемиски индекс и малата количина јаглехидрати, тие се добар избор и за луѓето кои внимаваат на нивото на шеќер во крвта или сакаат да ослабат.
Иако генерално се безбедни за консумирање, преголеми количини тиквички можат да предизвикаат надуеност или други дигестивни тегоби кај чувствителни лица. Затоа се препорачува да се консумираат како дел од разновидна и балансирана исхрана, а пред подготовка секогаш добро да се измијат.
pexels – tikvicki