Фитнес-тренерите ширум светот испраќаат иста порака: клучот за успешно и здраво слабеење се протеините.
Кога станува збор за слабеењето, повеќето луѓе веднаш помислуваат на помалку леб, колачи и мрсна храна. Но зошто се важни протеините?
Протеините не се само храна за мускулите. Тие го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат чувството на глад и му помагаат на телото да согорува калории дури и додека седите. Со други зборови, доволниот внес на протеини може да направи разлика меѓу брзо враќање на килограмите и траен успех.
Пресметката е јасна
Стручњаците препорачуваат лицата што сакаат да ослабат да внесат помеѓу 1,6 и 2,2 грама протеини по килограм телесна тежина дневно.
За лице со 65 килограми, дневниот внес треба да биде:
-
Минимум: 105 грама протеини
-
Оптимално: околу 120–130 грама
-
Максимум: до 143 грама, доколку активно тренира
Како изгледа тоа во чинија?
За да биде појасно, еве пример како да се достигнат околу 120 грама протеини:
-
Појадок: 2 варени јајца и 100 г грчки јогурт – 25 г протеини
-
Ручек: 150 г пилешки гради – 40 г протеини
-
Ужина: 1 мерка растителни протеини – 22 г протеини
-
Вечера: 200 г немасен сир – 25 г протеини
-
Закуски: грст бадеми – 6 г протеини
Вкупно: 118 г протеини – доволно за лице од 65 кг да слабее без губење мускулна маса.
Стручни совети
Ако внесувате премалку протеини додека сте на диета, ќе губите не само маснотии туку и мускули. Тоа е најлошата комбинација бидејќи го забавува метаболизмот,“ објаснува фитнес-тренерот Душан.
„Правиот внес на протеини значи дека ќе слабете, а истовремено ќе ја чувате силата и енергијата,“ додава тој.
За лице со 65 килограми, идеалниот дневен внес на протеини за слабеење е околу 120–130 грама. Најдобрите извори се пилешко месо, риба, јајца, немасни млечни производи, мешунки и квалитетни протеински суплементи.
Јадете паметно, слабете здраво и не дозволувајте килограмите да го победат вашиот метаболизам.
Текст: Убавина и здравје