ФИТ за СЕДУМ минути!

Овие 12 вежби се доволни да постигнете одлични резултати без да се откажете од омилената храна!

Доколку сакате да симнете неколку килограми, следете ги советите на експертите кои по долгогодишно истражување и тестирање креираа режим од 12 комбинирани вежби на снага и на издржливост, распоредени во 7 минути експлозивна активност.

Според истражувањето на научниците од Универзитетот Мекмастер, само неколку минутен тренинг на работ на максималната издржливост резултира со промена на мускулите на молекуларно ниво, која настанува по неколку часа трчање или возење велосипед. Ваков пристап во интервалниот тренинг значи дека по кратки интензивни вежби треба да следи период на одмор.

Оваа програма вклучува  10 секунди пауза меѓу секоја вежба, што е доволно мускулите да ја „вратат снагата“, т.е. да заврши молекуларната реакција која резултира со зајакнување на мускулите.

Вежбите се изведуваат брзо, во траење од 30 секунди и со најголем интензитет.

1 Jumping jack (скокање од место)

2 Задржување при клекнување покрај ѕид

3 Склекови

4 Стомачни со испружени раце

5 Качување на столче

6 Трчање во место со кренати колена

7 Длабок исчекор

8 Ротација од склек

9 Страничен планк со задршка

10 Клекнувања

11 Трицепс-пропаѓање

12 Планк со задршка

ДАЛИ ПРЕСКОКНУВАТЕ ОБРОЦИ?

Доколку сметате дека можете да ја дотерате линијата со гладување – се лажете! Имајте на ум дека на овој начин салото се таложи на стомакот и, наместо да слабеете, вие ќе се здебелите. Затоа следете го овој совет. Речиси секој режим на исхрана, кој гарантира успех во слабеењето, а воедно го чува вашето здравје, најчесто содржи пет оброци. Од друга страна, прескокнувањето на оброците и гладувањето доведуваат до натрупување сало на стомакот.

Како? Кога ги прескокнувате оброците и гладувате, вашето тело е во паника дека му недостига енергија, па почнува да ги складира и оние малку калории што ќе ги внесете. Освен тоа, по гладување најчесто доаѓа до прејадување.

Кога ќе внесете храна по подолг период, организмот чувствува краткотрајно олеснување. Метаболизмот сè уште е забавен, бидејќи не може да знае кога сте внеле доволно калории. Шеќерот ви опаѓа во крвта, па немате доволно енергија и нерасположени сте. А ако сте ептен упорни во гладувањето, телото почнува да ги разградува мускулите, барајќи енергија. Тогаш можеби ќе ви се причини дека сте полесни, но вистината е дека ги загубивте мускулите, а не маснотиите“, објаснува американската нутриционистка Меги Мун. Таа смета дека е најдобро да се придржувате до распоредот од пет оброци во денот. Дури и кога сте на работа и немате нешто нискокалорично за јадење, изедете што било, па дури и хамбургер, само не гладувајте.

Монодиети? Никако!

Монодиетите, кои се темелат само на една хранлива состојка, водат до совршена линија, но и до лекарот. Замислете само во текот на една недела да јадете само една намирница, како што налагаат ваквите диети. Главно станува збор за нискокалорична храна, како зелка, лубеница, грејп или јогурт, па во вашето тело многу брзо доаѓа до дефицит од хранливи состојки. Последици? Слаб имунолошки систем, анемија, коските стануваат кршливи поради недостиг на железо…

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Unsplash, Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време