ФИТ-КЛУБ: 5 чекори до вита става

Дознајте до кои начела треба да се придржуваме и како да ги избегнеме грешките

Наместо да исфрлите одредена храна, подобра стратегија за слабеење е да воведете во исхраната повеќе овошје и зеленчук.

Ви откриваме пет чекори за слабеење што ги препорачуваат стручните лица. Тоа се намалување на големината на порциите, редовни оброци, консумирање свежо овошје и зеленчук, избегнување слатки и зголемување на физичката активност.

Каде грешиме?

И кога ќе ги научиме чекорите што треба да ги направиме, се случува да ги повторуваме истите грешки. Прва и најчеста грешка е прифаќање на одреден начин на исхрана без консултација со нутриционист. Прифаќање на диетата без да размислиме како ќе влијае врз нашиот организам е следната грешка.

Мошне рестриктивната исхрана не може да се спроведува на долги патеки, па со враќање на стариот начин на исхрана, килограмите многу брзо се враќаат.

Контрола на порциите

Земајќи предвид дека намалувањето и контролата на порциите е еден од најважните чекори на патот кон поздрав живот, што всушност значи тоа и како можеме да го научиме? Тоа значи дека храната не треба да се консумира според принципот „колку што сакам“, туку според потребите, кои се различни за секој поединец.

Потребна е консултација со дието-терапевт за индивидуално одредување на големината на порциите.

Нискокалоричните засладувачи како сојузници

За намалување на бројот на килограмите се препорачува избегнување шеќери во исхраната, но мора да си овозможиме уживање во слаткиот вкус, на пример, во омилениот пијалак. Се препорачува консумирање нискокалорични засладувачи што ја носат ознаката дека се признаени за безбедни од страна на здравствените организации (стевиозид, аспартам, К-ацесулфам и други).

Нискокалоричните засладувачи не го зголемуваат апетитот, ниту телесната тежина, не ја покачуваат вредноста на шеќерот и на инсулинот во крвта, а придонесуваат за намалување на телесната маса. Како такви, тие се значаен дел од медицинската нутритивна терапија за прекумерната телесна маса и на другите болести предизвикани од обилната исхрана.

Важноста на вежбањето

Седентарниот начин на живот за последица има зголемување на телесната маса, но и појава на разни коскено-зглобни и мускулни дегенеративни болести.

Препораката за физичка активност зависи од возраста, здравствената состојба, тежината, одредената медикаментозна терапија и од физичката активност.

Секогаш се препорачува пешачење, бидејќи не бара посебни услови. Лекар треба да ја одреди физичката активност, како и нејзиниот интензитет, зачестеноста и времетраењето.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images, Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време