Фенк шуи диетата го полуде светот: Како да ослабнете без да се изгладнувате?

Диета

Изгубете го вишокот килограми на наједноставен начин!

Фенг шуи филозофијата посветува големо внимание на потсвеста. Секој го знае вообичаениот рецепт за топење на вишокот маснотии – физичка активност и урамнотежена исхрана. Но, за навистина да постигнете видлив резултат, треба да внимавате на околината и на ситниците кои потсвесно влијаат да внесеме повеќе храна во телото.

Не јадете од округли садови

Квадратни садови и слични форми се подобар избор доколку сакате да ослабнете. Тајната лежи во тоа што правоаголните форми поттикнуваат умереност, а круговите поттикнуваат љубопитност.

Земјени тонови

Треба да се избегнуваат светли и силни бои бидејќи го поттикнуваат апетитот. Земјените тонови, како кафеава или беж, немаат таков ефект, па експертите силно препорачуваат да ја обоите кујната со тие бои. Овие тонови нека доминираат на завесите, чаршафите и садовите.

Парен број

Експертите за фенг шуи веруваат дека е важно секогаш да имате парен број столчиња околу масата. Дури и ако имате непарен број на домашни, препорачливо е да го следите ова правило.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.