Еве што појадува Владимир Путин: Калоричен оброк за успешен ден!

Вкусно и калорично!

Неговиот начин на живот е инспирација за многумина, бидејќи рускиот претседател се обидува да живее здраво

За Владимир Путин, честопати се вели дека е ноќна птица, бидејќи поради многубројните обврски и различните временски зони, принуден е да работа до доцна во ноќта. Затоа, првиот утрински оброк го консумира дури на пладне.

Појадокот на првиот човек во Русија изгледа вака: омлет од јајца од препелица, чинија овесна каша со неколку парчиња сирење.

Со појадокот, Путин најчесто пие домашен сок од репка и рен. По обилниот појадок, претседателот на Русија го пие своето прво утринско кафе, а потоа оди на тренинг кој најчесто се состои од пливање и кревање тегови.

Првите утрински вести ги гледа во вежбалница, а политичките идеи ги добива токму во базен, за време на пливањето.

Кога ќе заврши со појадокот и тренингот, Владимир Путин е подготвен за политика.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.