Еве како се приготвува вкусен чај од куркума: Благотворно дејствува на организмот!
Одлична напивка
Чајот од куркума стана исклучително популарен на нашите простори
Ако сакате да пробате чај од куркума, пригответе го на овој начин
Овој чај содржи само 5 состојки: куркума, ѓумбир, цимет, кардамом и природен пчелин мед. Ќе почувствувате благотворно дејство на телото по само неколку дена редовна употреба, а се верува дека ја зголемува отпорноста на организмот.
Состојки:
- 1/2 лажиче ѓумбир
- 1/2 лажиче цимет
- куркума на врв на лажичето
- прстофат кардамом
- 1 лажиче мед
- 500 мл вода
Приготвување:
- Ставете вода на тивок оган.
- Кога водата ќе зоврие, додајте ѓумбир и цимет.
- Потоа, додајте куркума и кардамом и промешајте.
- Оставете го сето тоа да врие 5 до 10 минути.
- Оставете го да се олади десетина минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со мед.
- Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и вити.