Еве како да изгубите половина килограм дневно!

Диетата на база на вода смее да се применува секој втор ден, но ние препорачуваме еднаш неделно. Оваа диета не е дозволена за долго време.

Појадок

Голема чаша вода или чај или природен сок. Овошје и сокови можете да пиете колку сакате.

Ужинка

Голема чаша вода, чај или природен сок. Неколку овошја, по можност комбинирајте различни видови.

Ручек

Голема чаша вода пред јадење и чај по јадење. Менито се состои од свеж зеленчук за салата во количина по желба, со додавање на оцет, масло, лимон и зачини по желба. Во салатата можете да додадете и маслинки. Дозволено е да јадете било кој вид на свеж или конзервиран зеленчук: целер, зелена салата, краставици, кромид, пченка, соја, домати…

Ужинка

Голема чаша вода или чај или природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 грама сирење и едно овошје.

Вечера

Испиете чаша вода пред и чаша чај по јадењето, 100гр месо (пилешко, телешко) или 150грама риба (ослич) или едно јајце со зеленчук и овошје.

Внимание: Диетата не смеете да ја применувате во текот на цела недела, бидејќи ќе предизвикате дисбаланс во организмот. Смее да се применува најчесто секој втор ден. И тоа не долготрајно, само повремено.

Важно: Пијте барем осум чаши вода дневно, а исхраната треба да биде богата со намирници кои содржат многу вода како што се зеленчукот и овошјето.

Photo: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време