Ева Лонгорија ослабна 20 килограми: Нејзиниот рецепт за вита линија е крајно несекојдневен

Исхрана

Актерката ја откри тајната на својот изглед.

Ева Лонгорија има 47 години и изгледа совршено. Нејзниот изглед често се коментира во јавноста. Сега сите ја фалат нејзината вита фигура, бидејќи актерката неодамна ослабна дури 20 килограми, а го откри и рецептот за тенката линијата.

Имено, за време на гостувањето кај Елен Деџенерас, латино-дивата раскажа дека за се’ е заслужно скокањето на трамполина. Таа вели дека ѝ е доволен еден час на ден за скокање за да постигне неверојатни резултати.

Инаку, Ева се бореше со килограмите и по породувањето, кога мораше да ја регулира исхраната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Тогаш ги исфрлила алкохолот, шеќерот и тестенините од своите оброци.

За појадок јаде само кајгана од белки и вода. Ручекот е резервиран за пилешко и мисирка со зеленчук, додека за вечера јаде риба со зеленчук.

Зеленчукот задолжително е приготвен на пареа, а за ужина сака да јаде свежи краставици зачинети со сок од лимон, јаболка и сирење или мачканица од кикирики, а во исхраната сака да го внесува и јогуртот од ванила.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.