(ВИДЕО) Ева Лонгорија јаде многу мрсно и никој не разбира како може да е толку ЗГОДНА

Очајна домаќинка на дело

Актерката објави видео во кое готви и ги стаписа сите!

Ева Лонгорија се прослави како Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“, а се чини дека толку се навлекла во улогата што ниту во приватниот живот не се снаоѓа во кујната. Таа објави видео како готви и потврди дека титулата очајна домаќинка одлично ѝ прилега.

Имено, славната актерка одлучи да приготви шпанско јадење по барање на многубројните следбеници – а ги има дури девет милиони – со оглед на тоа што нејзините корени се од градот Лонгорија, во шпанската провинција Астурија.

Сето тоа беа сериозни квалификации за актерката да приготви, ни помалку, ни повеќе, помфрит со кромид и пржени јајца одозгора. Важен момент е пржењето на помфритот, кромидот и јајцата во истото масло. Маслиново масло.

Сè стави во чинија, исечка и уживаше во нејзиниот деликатес. А на ова јадење не  останаа рамнодушни ниту другите светски ѕвезди, па Дејвид Бекам искоментира дека тоа му е едно од омилените јадења.

Меѓутоа, она што многумина ги изненади е тоа што Ева Лонгорија пржи во маслиново масло, кое не е наменето за термичка обработка на храната.

Сепак, шпанската традиција „наложува“ употреба на ова масло за секакво готвење храна, па познатата актерка секако ги следела рецептите.

Погледнете: 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.