Есенскa напивка за слабеење: Шејк кој е идеална замена за ужина

Рецепт

Време е за шејк од тиква.

Тиквата, чудотворната есенска намирница која ги содржи витамините Б,Ц,Е и А, протеини, пектин, минералите калиум, калциум, железо и цинк, како значајниот внес на влакна кои се важни за здраво варење и слабеење.

Ви носиме рецепт за есенски шејк, напивка за слабеење, која покрај тиквата содржи и други квалитетни и здрави состојки, од кои посебно се издвојуваат спанаќот и циметот.

Спанаќот го намалува крвниот притисок, го зајакнува имунитетот, а истражувањата покажуваат и дека е корисен за контрола на апетитот и ги регулира желбите за нездрава храна. Циметот помага во симнување на лошиот холестерол и мастите во крвта, а одличен е и за забрзување на метаболизмот и процесот на слабеење.

Од наведените состојки и уште неколку намирници можете да направите одлична есенска напивка за слабеење. Консумирајте ја еднаш дневно за ужина наместо слатките задоволства и нездравите грицки. Ќе ви даде одлична енергија, ќе ви го подобри варењето и ќе ви го зајакне имунитетот – вашето тело ќе ви биде благодарно.

Состојки:

1 смрзната банана

½ шолја пире од тиква

1 рака спанаќ

¾ кокосово или бадемово млеко

½ лажица цимет

1 лажица мед

Приготвување:

Прво направете пире од тиква така што ќе испечете една или две парчиња тиква, а потоа испасирајте ја за да ја добиете таа смеса.

Потоа, додајте ги сите состојки во блендер, па измиксајте ги заедно. Можете да додадете и малку вода ако сакате да ја разредите напивката. Пијте ја еднаш дневно и уживајте во совршениот есенски шејк.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.