Ендокринолог предлага 4 начина како паметно да јадеме слатко: „Нема да се здебелите ако го консумирате ВАКА!“

Совети од стручњаци

Слатките може да бидат составен дел од исхрана, но само ако се комбинираат паметно во текот на денот со други оброци и намирници

Претерувањето со слаткото е непожелно за кого било, без оглед на здравјето или проблемите со тежината. Но тоа не значи дека треба комплетно да го исфрлите од исхраната. Ако мудро ги вклучите десертите во вашето мени, ќе ви дадат енергија и радост, без да ви предизвикаат проблеми.

Нутриционистката и ендокринолог Албина Комисарова дала четири совети како паметно да јадете слатки:

1. Не јадете само слатко за појадок. Наутро ви треба добра доза на хранливи материи и енергија за да го издржите целиот ден. Слатките имаат мала хранлива вредност и полни се со калории. Резултат: брзо ќе огладнете повторно.

2. Јадете слатки по оброкот. На овој начин ќе изедете помала порција, бидејќи веќе сте сити, а и понатаму ќе уживате во искуството. Ако јадете десерт, главниот оброк нека биде помал.

3. Јадете слатки во текот на денот ако сте активни. Тие се добар, брз извор на енергија, но мора да ја согорите.

4. Периодот од денот кога јадете слатки не прави голема разлика во поглед на бројот на калории. Вкупниот број на калории консумирани во текот на денот е многу поважен.

За енергија и задоволство

Она што дефинитивно не би требало да го правите е да јадете слатко кога сте под стрес, вели докторката Марјам Давлекамова. Таа посочува дека ненадејниот скок на нивото на шеќер е проследен од еднакво брз пад, по што анксиозноста се враќа.

Наместо тоа, препорачала избор на храна богата со протеини или влакна.

ФОТО: Pexels

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе