Експеримент: Појадувале подоцна, а вечерале порано, резултатите ги изненадиле!

Дали успеале да се ослободат од вишокот килограми?

Промената на периодот во кој појадувале и вечерале им помогнала да ослабат

Ако сакате да изгубите килограми, промената на тајмингот може да направи чудо за вас. Научниците спровеле истражување на мал број испитаници, но резултатите ги изненадиле сите.

Се покажало дека промената на распоредот на јадење може да го забрза слабеењето.

Имено, истражувањето што го спровеле научниците од Универзитетот Суреи траело десет недели, а испитаниците биле поделени во две групи.

Нивната исхрана не отстапувала од вообичаено, односно можеле да јадат што сакаат. Но испитаниците од едната група појадувале 90 минути подоцна од вообичаено, а вечерале 90 минути порано.

Пополниле и прашалници за нивните навики во исхраната. Докторите им направиле крвна слика пред и по истражувањето.

Групата која го променила времето на јадење изгубила речиси двојно повеќе килограми од другата група, а 57% од тие испитаници изјавиле дека имале намален апетит.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време