Една калинка дневно ги лекува болките во зглобовите и ја негува косата: Ова овошје е вистински чудотворец!

Го штити срцето!

Има ли причина да не консумирате калинка секојдневно? Секако дека не!

Една калинка дневно може да направи чуда за вашето здравје, ако ја внесувате на празен стомак, порачуваат нутриционистите. Маката околу чистењето на ова овошје ќе ви се исплати и телото ќе ви биде благодарно, а косата, кожата и забите поубави!

Црвените сочни зрнца може да им помогнат на оние кои страдаат од болки во зглобовите. Причина за тоа се антиоксидансите флавоноли.

Флавонолите со кои изобилува калинката се богати со антивоспалителни агенси кои ги намалуваат отоците предизвикани од болките во зглобовите. Покрај тоа, кожата ќе ви стане почиста, а забите поздрави.

Семките на ова овошје го содржат органското соединение пуницинска киселина кое ја поттикнува циркулацијата. Како последица на тоа, се подобрува протокот на крвта во кожата на главата, како и исхраната на фоликулата на влакната, поради што косата побрзо расте, повеќе блеска и станува посилна.

Редовната консумација на калинка може да помогне и во борбата со покачениот крвен притисок. Повеќе истражувања докажале дека дневната консумација на околу 140 грама сок од ова овошје може да го снижи покачениот крвен притисок.

Јадењето калинка може да ве ослободи и од стресот. Едно истражување потврдило дека сокот од калинка може да го намали нивото на хормонот кортизол. На тој начин се заштитува и срцето, бидејќи голем број срцеви заболувања се јавуваат поради дејството на овој хормон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.