Додајте ја оваа билка во компир салата: Ќе добиете вистинска витаминска бомба и најдобар пролетен детокс!

Најздравата салата!

ФОТО: Profimedia

Најдобро е да ја јадете свежа и не е препорачливо да ја сушите, бидејќи ќе ги изгуби лековитите својства

Сремушот е една од најмоќните самоникнати билки која по ладната и долга зими со брзина на светлината го обновува телото и го чисти организмот од глава до пети.

Во народот е познат и како див лук, сремушот содржи изобилство од етарски масла, важни минерали, соли, шеќер, витамин Ц, каротен, белковини, масти и алицин. Доколку го протриете кој било дело од билката помеѓу прстите, ќе го почувствувате карактеристичниот мирис на лукот.

Но ако пробате од листот на сремушот, неговата главна состојка алин, под влијанието на кислородот, се претвора во алицин што е добар за кардиоваскуларниот систем и им помага на крвните садови да останат млади еластични. Истовремено, ја спречува крвта да се лепи за крвните садови.

Покрај тоа што го чисти организмот од токсини, има антибактериско и антивирусно дејство. Експертите тврдат дека доволен е само еден грам сремуш дневно за да ја поттикнете циркулацијата и крвта нормално да ви тече низ вените.

Хематомите и раните што бавно зараснуваат брзо ќе се излечат ако се премачкаат со свеж сок од сремуш, а купките со неговите листови ја смируваат надразнетата кожа, егземите и дерматитисот.

Сремушот во кулинарството

Од него може да приготвувате салати, супи, сосови, или да го користите како зачин за мачканици. На некои пазари е достапен свеж, а во продавниците за здрави храна може да купите прехрамбени производи со сремуш. Најдобро е да го јадете свеж, а не е препорачливо да го сушите, бидејќи ги губи своите лековити својства.

Сремушот е највкусен ако го исечкате ситно и го измешате со зелена салата или кога ќе го ставите во компир салата. Секој лист на сремушот добро измијте го под млаз вода. Потоа исечкајте ситно околу 70 грама сремуш.

Излупете компир, исечете го и ставете го во ладна посолена вода да се вари околу 20 минути (не смее да се превари). Во помал сад направете прелив за салатата.

Во сад ставете сол, шеќер и прелејте ги со 100 милилитри вода. Додајте оцет и масло и измешајте. Сварениот компир префрлете го во сад за сервирање, додајте 70 грама исечкан сремуш, прелејте со преливот за салатата и добро измешајте.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.