До кога треба да ги изедете остатоците од храна од Велигден: Еве колку долго можат да стојат месото, јајцата и колачите

Добро е да знаете

Дознајте колку долго можете да ја чувате преостанатата храна од Велигден, вклучувајќи ги месото, јајцата и колачите, за да не ви се расипат

Помина Велигден, денот кога домаќинките приготвуваат многу храна. Многу од јадењата од тој ден се изедени, но добар дел од нив остануваат и неизедени. Затоа, многу е важно како ќе ги сочувате тие остатоци.

Рокот на траење на одредени намирници зависи од многу услови. Намирниците што лесно се расипуваат се оние кои содржат повеќе вода, па поподложни се на развој на бактерии и мувла. Врз траењето влијае и конзистенцијата на намирниците – не е исто дали е нешто во течна или во тврда состојба.

Пред употреба, треба да ги помирисате намирниците и да ги допрете со прсти. Ако почувствувате дека се лигави, дека го промениле мирисот или бојата, тоа значи дека се расипале и треба да ги фрлите веднаш.

Еве неколку важни совети што треба да ги знаете…

Јајца

Тврдо варените јајца можете да ги чувате до една недела во фрижидер, ако имаат лушпа, а исчистените можете да ги чувате најмногу три дена. Тврдо варените јајца се најмалку опасни и можат најдолго да траат.

Руска салата

Руската и француската салата се јадења составени од лесно расипливи состојки, како јајца, компир и мајонез, па од таа причина мора да се чуваат во фрижидер. Од истата причина, препорачливо е да ги изедете во рок од три дена. Секогаш е добро да повнимавате и да ги вадите од садот со чиста лажица за да не дојде до забрзано микробиолошко расипување.

Печено месо

Печеното месо (Пилешко, свинско, јагнешко) може да стои во фрижидер до четири дена. Месото, секако, пожелно е повторно да се обработи термички, односно добро да се подгрее пред консумација за да се уништат потенцијалните бактерии, бидејќи високата температура ги убива патогените микроорганизми. Таквото јадење треба да се изеде веднаш и не смее повторно да се враќа во фрижидер, ниту да се подгрева.

Зеленчук

Младиот кромид, рдоквите и другите остатоци од зеленчук треба добро да се исчистат од деловите што почнале да се расипуваат. За да им ја продолжите свежината, чувајте ги во фрижидер. Пред тоа, важно е добро да се исуши зеленчукот. Ставете го на чиста и сува хартиена салвета за да го впие вишокот влага.

Колачи

Траењето и условите на чување на колачите зависат од состојките од кои се приготвени. Кремливите колачи приготвени од јајца, млеко, слатка павлака и слични состојки мора да се чуваат во фрижидер, а препорачливо е да се изедат во рок од три дена, додека сувите колачи се многу полесни за чување. Доволно е да ги ставите во херметички затворен сад и не треба да ги ставате во фрижидер. Можат да траат најмалку една недела.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе