Диетата на Лепа Брена: Благодарение на ова мени пејачката може да се пофали со совршена линија! (МЕНИ)

Балансот е клучот

Пејачката строго ги почитува овие правила со години

На самиот почеток од кариерата, Лепа Брена имала проблем со вишокот килограми. Како самата открила, еден ден застанала пред огледало и сфатила дека итно мора да ослаби.

Оттогаш па до денес, се придржува до ова мени. Благодарение на него, таа има совршена линија и никогаш не ги вратила изгубените килограми.

Кога почнала да се храни на овој начин, од 89 килограми се симнала на 67 за шест месеци.

Пејачката смета дека умереноста е клучот за добра линија и здравје.

„На мои години човек учи дека не треба со ништо да претерува, особено со месото, кое најчесто е на менито кај нас“, раскажала пејачката и објаснила како успеала со години да ја задржи фигурата поради која многу жени ѝ завидуваат:

„Секое утро кога ќе станам, вежбам јога. Без разлика колку години имате, важно е да јадете помалку, бидејќи така ќе се чувствувате подобро. Сакам да јадам и десерти и по некој хамбургер или пица, само се обидувам да не претерувам“, заклучила фолк-ѕвездата.

Еве како изгледа нејзиниот план за исхрана:

Прв ден

Појадок: Мусли од овесни снегулки, бадеми и свежи овошје

Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа

Вечера: Потаж, супа или голема чинија младо сирење

Втор ден

Појадок: Салата и две варени јајца

  • За салатата ќе ви треба: 1 шолја зелка, 1/2 шолја морков, 1/2 шолја цвекло, 1 супена лажица масло.
  • Приготвување на салатата: Откако ќе ги измешате состојките, прелејте ги со масло.

Ручек: Чинија потаж од зеленчук, 200 г риба на скара, свежа салата од зеленчук по избор.

Вечера: Салата.

  • Состојки: 1 морков, 1 краставица, 1 шолја црвена зелка, 1/2 праз, 1 шолја зелена салата, рукола, млад спанаќ, 1,5 лажица масло, 1/2 лажица лимонов сок, 150 г пилешко на скара или конзерва туна, шолја јогурт.
  • Приготвување: Откако ќе ги исечете состојките до посакуваната дебелина, измешајте ги и уживајте во здравите залачиња.
Трет ден

Појадок: Омлет со брокули и сирење.

Ручек: Чинија потаж од зеленчук, 150 г бифтек на скара, свежа салата од зеленчук.

Вечера: Медитеранска салата од туна.

  • Состојки: 1/4 зелена салата, 100 г домати, 1/4 црвен кромид, 1/2 краставица, 1/2 зелена пиперка, 20 г фета-сирење, 20 г маслинки, 1/2 лажица оригано, 1/2 конзерва туна во маслиново масло, 15 мл оцет/лимонов сок, 1/2 супена лажица масло, 200 мл јогурт.
  • Приготвување: Измешајте ги туната, зелената салата, доматот, црвениот кромид, краставицата и пиперката. Додајте сирење, маслинки и јогурт. Измешајте уште еднаш, ставете сирење, маслинки и прелејте со оцет или лимонов сок.
Четврти ден

Појадок: Омлет и салата.

Ручек: Чинија потаж, 200 г бело месо на скара, свежа салата од зеленчук.

Вечера: Цезар салата.

Петти ден

Појадок: Мафини со пиперки, печурки и јајца.

Ручек: Чинија потаж од зеленчук, 200 г риба на скара, свежа салата од зеленчук.

Вечера: Сезонска витаминска салата со коцки месо.

Лепа Брена ослабела 17 килограми само со оваа едноставна диета
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.