Диета според градбата на телото

Познати се четири типа фигура, кои го добиле името по латиничните букви А, H, О и V

Ефикасноста на диетата директно е поврзана со телесната градба на одредена личност и тоа мора задолжително да се земе во обѕир

Секоја жена што страда од преголема тежина има свои проблематични зони на кои ѝ се таложи сало. Кај една тоа се бутовите, кај друга стомакот, додека трета во случај на вити бутови и нозе не може да се ослободи од маснотиите на грбот и на рацете. Тие специфичности на телесната градба, поточно кажано таложењето маснотии, задолжително треба да се земат во обѕир при изборот на диетата за слабеење.

Познати се четири типа на фигура, кои го добиле името по латиничните букви А, H, О и V, бидејќи визуелните обриси на тие фигури потсетуваат токму на овие букви. Се препорачува секојдневното мени да го составувате имајќи го предвид својот тип на фигура, бидејќи во тој случај ќе слабеете лесно и пријатно и токму на местата каде што е неопходно.

Диета за фигура тип V

Фигурата тип V се одликува со широки рамена и граден кош и тесни колкови и вити нозе. Жените со ваква градба обично не се склони на дебелеење, но како последица на неправилна исхрана и недостиг од движење може да дојде до нарушување на метаболизмот и масни наслаги на проблематичните места: колковите и грбот.

Повеќе од половина од исхраната на жената со фигура од типот V мора да се состои од зеленчук и овошје, а погодни се уште риба, мешунки и млечни производи. Се препорачува да се јаде често но по малку. Во текот на слабеењето од исхраната треба комплетно да се исфрлат простите јаглехидрати, месното месо и газираните напивки.

Диета за фигура тип А

Фигурата тип А се карактеризира со тенок струк, тесни рамена, мали гради и изразени бутови. Целата прекумерна маснотија на таквата фигури се собира на бутовите и на задникот. Жените од овој тип долго може да ја зачуваат добрата фигура, под услов да водат здрав живот.

Диетата за фигурата тип А мора да биде заснована на зеленчук и овошје, месо и риба, како и на млечни производи. Треба да се исфрлат пикантните, солените, пржените и чадените јадења, да се ограничат слатките и производите од брашно.

Следува пример за дневно мени. Појадокот треба да биде на база на јаглехидрати: мусли со млеко или тост со кравјо сирење. Ручекот е лесен, на база на протеини: месо или риба со зеленчук. Вечерата е од производи богати со целулоза: каши, салати од зеленчук или овошје. Паузите помеѓу оброците не смеат да бидат подолги од пет часа, а вечерата е најдоцна три часа пред спиење.

Диета за фигура тип О

Специфичности на фигурата тип О се бујни облини и истакнат стомак, со комплетно отсуство на струк, како и дебелки образи. Овие жени од детството се склони на дебелеење. Притоа, за нив се карактеристични бавен метаболизам и брзо таложење маснотии, што претставува контраиндикација за строга диета.

Основа на исхраната мора да се живинско месо, риба и морски плодови, јајца, зелениште и влакнест зеленчук, јаболка и цитруси. Многу е корисна употребата на одвар од конски опаш и магдонос. Потребно е во текот на диетата целосно да ги исфрлите солта и шеќерот, производите од брашно и печива, црвеното месо, купечките сокови и лимонади, како и морковот, цвеклото и компирот.

Најефикасен метод на слабеење за жените со ваква градба е исхрана по принципот на употреба најголемо количество енергија за појадок и малку помалку за ручек, при што тој мора да биде најдоцна до 14 часот, а најмалку енергија треба да содржи вечерата – и вечерајте најдоцна до 18-19 часот. За вечера можете да јадете благи салати од зеленчук, со минимално количество сол и билно масло. Во текот на денот пијте повеќе чиста вода, но престанете два часа пред спиење.

Диета за фигура тип H

За фигурата тип H е карактеристичен приближно ист обем на бутовите и на градите, како и нејасно изразен струк. Нивна проблематична зона се стомакот и бутовите, токму таму се таложат маснотиите, а рацете, рамената и нозете практично не се дебелеат.

Исхраната на жената со фигура тип H задолжително мора да вклучува протеинска храна, суров зеленчук и овошје, сирења и млечни производи со малку маснотии. Доколку сакате да ослабите, треба да го исфрлите производите од брашно и кондиторските производи, солената, мрсната, пржената и чадената храна, како и алкохолните напивки. Не се препорачува ни преголема употреба на кафе, јак чај и чоколадо.

Жените од овој тип задолжително треба да се хранат во согласност со режимот, не заменувајќи ги основните оброци со грицкање од нога.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.