Диета со кефир во која руските жени се колнат: Благодарение на овој план за исхрана, тие се толку слаби!

Вака Русинките одржуваат витка линија.

Кефирот содржи витамин Д, калциум, протеини, витамин Б12, магнезиум, а една чаша содржи само 100 калории.

Ова е токму една од причините зошто оваа храна е на редовното мени на Русинките, кои често прибегнуваат кон диета базирана на овој млечен производ и со тоа ја одржуваат линијата.

Оваа диета е добра кога сакате да го детоксицирате телото и да го исфрлите вишокот вода. За една недела е можно да изгубите 1 до 2 килограми.

Тоа е прилично ограничувачко, затоа не се препорачува да се држите до овој план на исхрана повеќе од 7 дена.

Од што се состои?

Главниот производ на оваа диета е кефир, а дополнителна количина е нискокалоричен протеин или храна богата со јаглени хидрати.

Во текот на овие 7 дена, треба да се откажете од шеќер, сол, црн чај и кафе. Можете да пиете обична вода и билен чај без ограничувања.

Исто така, мора да има јасен распоред за внесување храна (6 пати на ден во редовни интервали, последниот – најмалку 2 часа пред спиење).

План за исхрана за 7 дена:

  • Ден 1: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр печен компир (без сол)
  • Ден 2: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр нискомаслена урда
  • Ден 3: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
  • Ден 4: 1/2 л кефир 1% маснотии и 400 гр варени пилешки гради
  • Ден 5: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)
  • Ден 6: ден на пост, ништо не се внесува освен 1,5 литри негазирана вода
  • Ден 7: 1/2 л кефир со 1% маснотии и 400 гр овошје (освен грозје и банани)

ЗАБЕЛЕШКА: Како што веќе споменавме, диетата е крајно ограничувачка и во никој случај не се препорачува за адолесценти, бремени жени, доилки и сите со оштетен имунитет или некоја хронична болест.

Прочитајте и: Диетата на Џесика Алба: Вака актерката успеа да изгуби 5 килограми и да ја доведе линијата до совршенство!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.