Диета со домати: Симнувајте по 3 килограми неделно без гладување

Ја подмладува кожата и го прочистува телото од токсини

Овој план на исхрана позитивно влијае на здравјето, а губењето килограми е загарантирано

Освен што ќе ви помогне да ги симнете килограмите и да го прочистите организмот од токсини, диетата со домати исто така подмладува, така што може да очекувате дека вашата кожа ќе изгледа посвежо.

Со оваа диета можете да ослабите до три килограми. Со секој оброк треба да јадете домат и тоа во поголеми количини од вообичаено. Доматот е добар за регулација на крвниот притисок, па оваа диета им се препорачува на оние кои страдаат од хипертензија.

Прв ден

Појадок: две парчиња потпечен црн леб со малку маргарин и лажица мед, чај или кафе без шеќер

Ручек: голема салата со домати и сирење

Ужина: мандарина или јаболко

Вечера: тестенини во сос од домати

Втор ден

Појадок: 200 грама полномасен јогурт (1,5 милилитри) со лажица мед и две лажици овесни снегулки

Ручек: грчка салата – домат, кромид, краставица, лимонов сок, маслиново масло, сол, бибер, малку мајчина душица, 2-3 црни маслинки, овчо сирење

Ужина: едно овошје, шолја кафе, 2-3 бисквити од интегрално брашно

Вечера: супа од риба

Трет ден

Појадок: интегрално печиво со две лажици полномасно сирење

Ручек: тортилја со фил од динстани печурки и домат

Ужина: исечете два моркова на две стапчиња и завиткајте ги во 30 грама мисиркина шунка, 1 децилитар сок од домати

Вечера: пропржете 125 грама говедска шницла на малку маслиново масло и додајте 400 грама домати исечени на коцки и малку мајчина душица и едно парче потпечен леб

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време