Диета од модните писти: Како се хранат најуспешните супермодели?

Овие режими на исхрана се покажале како ефикасни за многу успешни манекенки

Манекенките прават многу работи за да ја одржат тежината и физичкиот изглед

Вистина е дека за да изгледате како модел мора да имате многу среќа и генетски предиспозиции. Сепак, и покрај сите овие фактори манекенките работат многу напорно за да имаат феноменален изглед. Прочитајте како се хранат некои од манекенките на кои сите им завидуваме…

1. Жизел Бундхен – Исхрана заснована на билки

Нејзината диета се состои од 80% зеленчук, житарки од цели зрна, киноа, бобинки, како и од чисто месо, како што се стековите, пилешкото и дивиот лосос. Жизел не јаде брашно, шеќер, сол, не внесува кофеин, а овошјето го сведува на минимум.

View this post on Instagram

Nova campanha da Arezzo🌴🌊✨

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on

2. Лили Олдриџ – „Сакара“, достава на диетални оброци

Брендот „Сакара“ е многу популарен. Не губите време на пазарување, сечкање, миење, лупење, приготвување, туку сè се доставува на врата. „Сакара“ доставува свежа риба, вегетаријански појадок, ручеци, вечери и пијалаци.

3. Керолин Марфи – Алкална диета

Алкалната диета се состои од многу овошје, зеленчук и јаткасти плодови, а треба да се одбегнува месо, риба, млечни производи, јајца и алкохол.

View this post on Instagram

🐬 #fbf

A post shared by Carolyn Murphy (@carolynmurphy) on

4. Миранда Кер – Диета според крвната група

Оваа диета се заснова на консумација на разновидни намирници во зависност од вашата крвна група. Крвната група на Миранда Кер е А, така што нејзината исхрана се базира на многу зеленчук и влакна.

5. Бриџит Малком – Веганска исхрана

Бриџит Малком не јаде месо ниту какви било производи од животинско потекло. Најчесто јаде овошје и зеленчук и житарки.

View this post on Instagram

Everything but water ❤️

A post shared by Bridget Malcolm (@bridgetmalcolm) on

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време