Диета на рускиот доктор Сергеј Бубновски: Како да ослабите и да останете вити со години!

Многу е едноставно!

„И јас варирав со килограмите додека не го открив најдобриот начин на исхрана“

Рускиот доктор Сергеј Бубновски имал пробано многу диети, но на крајот дошол до заклучок дека диетата може само да предизвика нервоза (нарушување на сонот, раздразливост и слично).

Потоа, тој пробал да живее според правилото на Антон Чехов:

„Ако станам гладен од маса, тоа значи дека сум јадел. Ако станам сит од маса, тоа значи дека сум се прејал. А ако сум се прејал, тоа значи дека сум се отрул.“

Докторот цврсто верува дека здравото тело има здрава тежина. Тоа многу зависи и од начинот на живот. Квалитетното губење килограми, без губење мускулна маса, може да се постигне само со комбинација на различни вежби, истегнување и балансирана исхрана.

Што се однесува до вежбањето, неговиот предлог е следниот:

Пешачење: одете 2 часа со брзина од 6 до 8 километри на час.

Џогирање: доволно е 20 до 30 минути, но отчукувањето на срцето не треба да премине 140-150 отчукувања по минута.

Нордиско пешачење: 3 до 5 километри дневно

Пливање: без застанување, барем по еден или два километра.

Според него, секоја диета е штетна, бидејќи прво губите мускулна маса, па дури потоа салото почнува полека да исчезнува.

Поради тоа, неопходно е да се храниме правилно, за да не дојде до одредени болести предизвикани од неухранетоста.

Правила за добра исхрана според докторот Бубновски:

1. Јадете природна храна што не е обработена: овошје и зеленчук, јаткасти плодови, јајца, житарки, риба, млеко, сирење, зајачко месо и пилешко.

2. Не консумирајте конзервирани производи.

3. Правете јадења што содржат само 2 до 3 различни состојки.

4. Одбегнувајте сол и шеќер, односно заменете ги со зачини. Солта заменета ја со сокот од лимон или соја-сос, а шеќерот со овошје или мед.

5. Одбегнувајте алкохол, особено заедно со оброкот. Виното и водата кога се консумираат заедно со храна се акумулираат во дигестивниот тракт и ги растворуваат ензимите што се неопходни за разградување на храната. Ако пиете чај по јадење, тоа ќе доведе до дебелеење. Наместо десерт, подобро е да изедете лубеница или јаболко.

6. Престанете да пиете кафе и ќе видите како ќе бидете полни со енергија. Забуната настанува кога ќе испиеме кафе и ќе добиеме налет на енергија, но по неколку часа чувствуваме слабост и главоболка. Слични симптоми имаат и наркоманите кога се откажуваат од дрога.

Што се однесува до водата, треба да пиете најмалку 3 литри вода дневно (12 чаши). Докторот претпочита да пие вода наутро, пред вежбање и тоа го нарекува внатрешно туширање. Потоа, пие вода веднаш по вежбање, пред бањање, после јадење или час и половина после јадење. Мора да пиете многу вода. Луѓето се составени од вода и колку почесто му ја менувате толку подобро се чувствува телото.

Докторот не пие и не препорачува пијалаци од конзерва, ниту газирани пијалаци. Најдобро е да пиете вода од извор, а оние кои страдаат од остеопороза и болести на зглобовите, мора да го почитуваат ова правило ако сакаат да се излечат.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време