Детоксификација после празниците: Исчистете го вашиот организам

4 диети за детоксификација на вашиот организам

 

Диета со вода

Диетата или постот со вода е еден од најригорозните начини за детоксикација и чистење на вашето тело и се состои само од… вода. Овој пост се препорачува да не трае повеќе од 5 дена, а за почетниците доволно е да започнат со само еден ден сè додека не се навикнат на режимот. Не заборавајте да го испланирате постот за денови кои ви се определени за одмор од секојдневните обврски.

Детокс диета со сок

Наместо од вода, овој пост се состои од сокови. Заборавете ги оние кои можете да ги најдете по маркетите и кои се полни со шеќер. Најдобро е да купите овошје и зеленчук – зелка, спанаќ, морков, јаболко, ананас, и да си направите свеж сок.

Диуретична диета

Друг начин за детоксикација и чистење на телото е диуретичната диета која му помага на организмот да се ослободи од вишокот течности. Аспарагусот, глуварчето, семето од целер, дињата и магдоносот се суштински дел од диуретичната исхрана.

Овошна моно диета

„Моно“ значи „едно“ и како што веќе претпоставувате, оваа диета опфаќа само едно овошје. Оваа диета ќе ви помогне да ја регулирате pH рамнотежата на вашиот организам и нивото на шеќер со што клетките на телото сами ќе се исчистат.

фото: Гети

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.