Дали знаевте дека постои „среќна“ и „тажна“ храна?: Едни ви го креваат расположението, а други ви го уништуваат денот!

Храна

Начинот на исхрана може многу да влијае на вашето расположение. Една од седумте неуронаучни тајни на среќата е токму конзумирањето на соодветна храна и пијалоци кои ќе направат да се чувствувате добро краткорочно, но и долгорочно уште подобро!

Таканаречената „среќна храна“ може научно да го подобри расположението, да ја зголеми енергијата и да ја смири анксиозноста и стресот. Од друга страна, „тажната храна“ го прави токму спротивното; го расипува расположението, одзема енергија и ја зголемува напнатоста, а доколку сакате да го подобрите менталното и физичкото здравје, дефинитивно треба да ги избегнувате.

Утешни награди

На сите нас понекогаш ни треба т.н храна за утеха, па пицата, сладоледот и чипсот се меѓу првите избори. Овие намирници можеби предизвикуваат моментално чувство на задоволство, но долгорочно немаат позитивен ефект. Ова се неквалитетни намирници кои се научно дизајнирани да предизвикаат наплив на позитивни емоции во мозокот со нивниот одличен вкус и ослободување на некои среќни неврохемикалии како допаминот, кој исто така предизвикува и зависност од нив.

Исхраната која се состои првенствено од неквалитетна храна со нездрави состојки и вештачки хемикалии е докажано дека го зголемува ризикот од депресија, анксиозни нарушувања, ADHD и деменција, како и дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и многу други состојби.

Среќна храна

Намирници кои имаат краткорочно и долгорочно позитивно влијание врз здравјето:

органско шарено овошје и зеленчук, особено бобинки и лиснато зеленило,

одржливо одгледувана риба и месо,

јаткасти плодови и семиња,

здрави масла,

јајца,

чист протеински прашок (без шеќер, на растителна основа),

темно чоколадо,

непреработена храна,

органска храна,

намирници кои не го зголемуваат шеќерот во крвта,

храна богата со растителни влакна.

 

Тажна храна

Намирници која создаваат моментално чувство на среќа, но потоа незадоволство, замор, анксиозност или стрес. Оваа храна се состои од следниве намирници:

високо преработена храна,

храна третирана со пестициди,

храна со висок гликемиски индекс, односно оние кои го зголемуваат шеќерот во крвта,

ниско количество на влакна,

вештачки обоена и засладена храна,

храна третирана со хормони и антибиотици,

храна во пластични садови.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.