Дали знаете која е разликата помеѓу кафеавите и белите јајца?

Иако јајцата со кафеава лушпа најмногу се продаваат во нашите продавници и пазари, има и бели. Тие имаат ист вкус, а бојата зависи од видот на кокошката носилка, или каква боја се нивните уши и пердуви.

„Гените ја одредуваат бојата на лушпата, исто како што кај луѓето се одредува бојата на кожата, косата и очите. Кокошките со бели уши носат бели јајца, а оние со црвени или кафеави пердуви носат кафеави јајца“, објасни Тро В. Буи, професор по животниска наука од Универзитетот Корнел.

„Пигментот се додава на надворешниот слој обично во последните неколку часа пред кокошката да снесе јајцето“, додаде тој.

Вкусот на обете е ист како и хранливата вредност.

Д-р Буи вели дека може да има некои мали разлики во количината на омега-3 масни киселини – кафеавите јајца можат да имаат повеќе, но тие разлики се занемарливи.

Тој исто така напомена дека помладите кокошки носат јајца со потешка лушпа, а кафеавите јајца често се поголеми од белите. Покрај тоа, во САД, луѓето јадат повеќе јајца со бели лушпи затоа што се поекономични, ваквите кокошки се поевтини за хранење и одгледување.

Прочитајте и:  Се чини дека повеќето од нас после работа стресот „го удавуваме” во алкохол

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.