Чудотворна напивка што го закрепнува целиот организам: Црната лимонада го прочистува црниот дроб и ги топи маснотиите!

Детоксикација

Ќе го прероди вашиот организам

Ако планирате да го прочистите телото од насобраните токсини, да добиете повеќе енергија и да се чувствувате подобро, оваа напивка е за вас.

Лимонадата им е омилената летна напивка на многумина, освежува и многу е вкусна, но кога ќе ѝ додадете и активен јаглен, ќе добиете совршен пијалак за преродба на целиот организам. Токму поради активниот јаглен, оваа напивка има црна боја, додека вкусот останува непроменет.

Црната лимонада го прочистува телото од токсини, го прочистува црниот дроб и го снижува холестеролот. Помага за надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање воздух за време на јадењето), па и за проблеми со кожата. Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а на тој начин го забрзува и метаболизмот, што доведува и до губење килограми.

Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјалот од различни билки и кора на кокосов орев и има апсорбирачки својства, па затоа ги отстранува штетните материи и токсини од организмот.

Состојки:
  • сок од половина лимон или лимета
  • чаша минерална или кокосова вода
  • половина лажиче активен јаглен
Приготвување:

Во вода ставете сок од лимон и активен јаглен во прав. Добро промешајте и напивката е готова.

Напивката се пие еднаш неделно, никако почесто од тоа.

Напомена: Оваа лимонада може да го намали дејството на некои лекови. Поради тоа, доколку пиете лекови, треба да внимавате да има двочасовен интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.

Најмоќната напивка за слабеење: Ги топи маснотиите од стомакот за 10 дена!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.