Често го јадеме, а не сме ни свесни колкава штета може да направи: Овој производ двојно го забрзува стареењето на кожата!

Сведете ја оваа храна на минимум

Внимавајте на тоа кога храна ја внесувате во организмот.

По 40-тите години, правилата драстично се менуваат. Доколку сакате да го задржите младешкиот изглед на кожата, обрнете внимание на тоа која храна ја внесувате во организмот.

Доколку внесувате млеко и други млечни производи во големи количини, тоа ќе резултира со забрзано стареење на кожата.

„Овој производ може да го забрза таканареченото надворешно стареење и да предизвика промени на кожата на лицето“, вели специјалистката за пластична хирургија, Лија Гавашели.

„Нетолеранцијата на лактоза, вид шеќер што се содржи во млекото, всушност е главниот виновник за оваа непријатна промена на кожата. Поделени се мислењата околу тоа дали млекото е корисно или штетно по здравјето, но ако забележите дека лицето забрзано ви старее, има појава на ситни брчки и некои неправилности, како црвенило и дамки, најдобро е да престанете да го пиете.“

Честата консумација на млечни производи предизвикува нездрав изглед: горните капаци се подуени, под очите се појавуваат кеси, како и изразена пигментација. Личноста изгледа отечено, како да е полна со вода, а кај возрасните лица се појавуваат и мозолчиња.

Гавашели објаснила дека врз појавата на знаци на стареење во голема мера може да влијае и квалитетот на млекото. Таа назначила дека денес млекото неретко содржи хормони во траги и антибиотици што им се даваат на кравите. Овие супстанции можат да го нарушат имунитетот, особено ако се акумулираат во телото во големи дози.

(ВИДЕО+ФОТО) План на исхрана на докторката Фицџералд кој стареењето ГО ЗАБАВУВА ЗА ТРИ ГОДИНИ!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.