Чај од маточина: Здравје во шолја чај

Неверојатни придобивки

Фото: Pexels

Во зима, најдобро ќе ве загрее вкусен и топол чај, а освен што е добар за затоплување, секој од нив има и одредени придобивки за здравјето на организмот.

Ако досега не сте го направиле тоа, вистинско време е да пробате чај од маточина, за кој се докажа дека има многу здравствени придобивки за организмот.

Маточината е растение од семејството на нане. Неговото име потекнува од грчкиот јазик, од зборот „балсамон“ што значи „масло со сладок мирис“. Неговиот мирис е многу сличен на мирисот на лимон. Покрај пријатен вкус, има и многу здравствени придобивки.

Докажано е дека овој чај го намалува стресот и помага и во лекување на несоница. Исто така, помага во ублажување на стомачните проблеми. Се препорачува да се пие особено сега кога температурите се многу пониски, бидејќи зимата дополнително го исцрпува организмот, па затоа и нашиот имунолошки систем страда. Чајот од маточина му помага на имунитетниот систем, го зајакнува и го прави поподготвен за борба против вирусите.

Исто така е добро да го консумирате ако страдате од мигрена, но и ако имате проблеми предизвикани од менструалниот циклус. Со чаша чај од маточина и топол компрес, значително ќе ја ублажите болката предизвикана од менструалниот циклус.

Прочитајте и: Антистресна терапија: Билки кои ги смируваат умот и телот

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.