Брз и здрав режим на исхрана: Диета за луѓето кои се презафатени

Идеално решение за вас!

ФОТО: Lepota i zdravlje

Менито е прилагодено на канцелариски услови

Оваа диета во самиот назив ја открива дефинираната целна група за која е наменета. Ако работното време ви стои на патот да приготвувате комплицирани и здрави оброци и ви наметнува брз режим на исхрана, еве решение за вас!

Оваа диета е осмислена за да трае цела работна недела, а менито е прилагодено на канцелариски услови. Слободните денови за време на викендот се слободни денови и во диетата, и тогаш без ронка грижа на совест може да го изедете вашиот омилен колач. Времето на држење оваа диета не е ограничено и не може да ви наштети. Сами одберете дали ќе бидете на режим две недели или два месеца.

МЕНИ

Понеделник

Појадок: 1 банана и 2 киви

Ручек: тестенини со зеленчук, 70 грама тестенини, 50 грама прокељ, 50 грама брокули, 1 морков, 1 црвена пиперка

Вечера: 250 грама телешка шницла на скара и 300 грама шампињони динстани на вода

Вторник

Појадок: 2 децилитри сок од морков, 2 парчиња интегрален црн леб, 20 грама кравјо сирење

Ручек: 50 грама моркови, 50 грама грашок и 100 грама варени виршли

Вечера: сечкан зеленчук, 1 домат, 1 кромид, 1 тиквичка, 2 домати, кафена лажичка пармезан, исто толку маслиново масло

Среда

Појадок: 1 печиво, лажичка мармалад, незасладен чај

Ручек: салата од јаболка и компир

Вечера: 1 чинија супа, 200 грама филети ослиќ, 100 грама варени моркови

Четврток

Појадок: чаша сок од јагоди, 200 грама круши

Ручек: 1 печиво, 100 грама кисели краставички, 100 грама филети пилешки гради

Вечера: 100 грама варен интегрален ориз, 200 грама цвекло

Петок

Појадок: 250 грама ананас

Ручек: салата со јајца и зеленчук, 100 грама зелена пиперка, 50 грама грашок, 50 грама пченка, 1 домат и 1 варено јајце

Вечера: риба, 100 грама филети ослиќ со лимонов сок и бибер, 200 грама грашок

Овој режим е одличен поради разновидната исхрана. Програмата опфаќа доволно протеини, јаглехидрати, витамини и други хранливи состојки што му се потребни на организмот. Резултатот што се постигнува е долгорочен, а слободните викенди се одмор за организмот, но и психата.

Производите се компатибилно распоредени по оброците, така што едноставно се варат и ја забрзуваат работата на метаболизмот. Нема гладување, па лекарите ја сметаат за здрав начин на губење килограми.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време