Богатство од источната кујна: Зачин што ги убива лошите бактерии, го отстранува целулитот и поттикнува слабеење!

Ги прочистува цревата!

Сечуанскиот бибер се нарекува и кинески коријандер, а е составен дел од азиската кујна

Сечуанскиот бибер е важен зачин во кинеската и индиската кујна кој се користи за зачинување солени и слатки јадења. Покрај благата лутина, нема голема врска со класичниот бибер.

Се добива од два вида билки од родот Zantoksilum, поради што има лесна цитрусна нота која добро се комбинира со печурки и мешунки, но и со егзотични десерти.

Во народната кинеска медицина, овој зачин со векови се користел како уништувач на лошите бактерии, па затоа особено е популарен помеѓу посиромашните жители.

Покрај тоа, лутите зачини се познати како „чистачи на цревата“ кои прочистуваат од несакани гости. Најновите истражувања покажале дека овој зачин е одлична алатка за слабеење и отстранување на целулитот.

Како да го користите?

Сечуанскиот бибер во зрна најдобро е малку да го тостирате во тавче, па да го сомелете. За зачинување на јадењата се користат само лушпите, а црните зрна се фрлаат бидејќи имаат горчлив вкус и текстура како песок, што може да го уништи вкусот на храната.

Зачинот обично се додава на крај од готвењето, а особено добро се комбинира со ѓумбир при подготовка на азиски специјалитети. Во комбинација со чили во прав се добива моќна комбинација за зачинување егзотични јадења.

Некои тврдат дека сечуанскиот бибер во уста предизвикува сензација слична на газираните пијалаци. По консумацијата, може да забележите пецкање, здрвеност и благо зуење. Внимавајте при дозирањето, бидејќи овој бибер има алкална pH-вредност, па поголемата количина може да предизвика трнење на усните.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.