Ако целосно се откажете од лебот, вашиот организам ќе ги претрпи овие 8 промени!

Дознајте!

Ви ги откриваме последиците што би се јавиле откако целосно би го исфрлиле лебот од менито

Лебот е производ што е важен за нашиот организам и влијае врз нашето здравје, но за оние што се обидуваат да ослабат или за луѓето што боледуваат од дијабетес, неговото консумирање може да биде контрапродуктивно.

Дали сте помислиле што би се случило со вашето тело кога целосно би ја исфрлиле оваа намирница од употреба?

Без разлика дали сте исфрлиле рафинирани житарки, цели зрна или јаглехидрати, резултатите може да варираат: некои се одлични и потполно очигледно, но некои и не се толку позитивни.

Губење килограми

Кога ќе го намалиме внесувањето јаглехидрати, најпрво ќе забележиме губење килограми. Но не сме изгубиле маснотии, туку тежината на водата што се собира во организмот.

Кога јаглехидратите во телото се во форма на гликоген, секој грам храна тежи три до четири пати повеќе од својата тежина во вода. Ако се откажете од јаглехидрати, телото ќе почне да ги троши резервите на гликоген, односно ќе изгубите голема количина вода.

Чувство на привиден грип

За телото да ги искористи маснотиите како гориво, најпрво мора да ги разгради на мали парчиња што се викаат кетони. Зголемениот број на кетони предизвикува лош здив, сува уста, замор, слабост, вртоглавица, несоница и мачнина. Ќе имате чувство како да сте фатиле вирус. Телото полека се прилагодува да функционира на кетони, па ќе престанете да се чувствувате лошо, но тие се’ уште не му се омилен извор на енергија на телото.

Зголемена потреба за благо

Преработените шеќери ја подигнуваат вредноста на шеќерот во големи размери за вредноста потоа нагло да се спушти. На тој начин се активира центарот за зависност во мозокот, водејќи кон постојана желба за слатки. Ако консумирате храна богата со влакна, ќе може да го одржите нивото на шеќер стабилно и да ја намалите потребата за благо.

Срцеви болести

Ризикот од срцеви болести може да паѓа или расте. Таа голема разлика зависи од тоа кој вид житарки ќе престанете да ги јадете. Рафинираните шеќери го подигнуваат нивото на масни киселини во телото кои го зголемуваат ризикот од заболување од срцеви болести и дијабетес тип 2. Од друга страна, целите житарки го подобруваат нивото на холестерол и го намалува ризикот од појава на срцеви болести, мозочен удар, дебелеење и дијабетес тип 2.

Чувство на тромост

Целите житарки се богати со железо, магнезиум и витамин Б, кои се важни за одржување на нивото на енергија, на многу луѓе и онака веќе им недостига магнезиум. Освен тоа, со оглед на тоа што јаглехидратите му се омилен извор на енергија на телото, недостигот од јаглехидрати ги забавува сите клетки во телото.

Нередовно празнење на цревата

Целите житарки играат најважна улога во тоа колку влакна сте внеле со храната. Влакната ни помагаат да ја стабилизираме вредноста на шеќерот, а го намалуваат ризикот од дебелеење и хронични болести. Освен тоа, ја подобруваат дигестијата и празнењето на цревата.

Раздразливост

Јаглехидратите, цели или рафинирани, го зголемуваат серотонинот во мозокот. Кога ќе престанеме да јадеме здрави цели житарки, и нашето расположение се менува.

Пониско ниво на енергија

Со намалување на јаглехидратите опаѓа енергијата, во телото се намалува и нивото на хранливи јаглехидрати, па паѓа и способноста за вежбање, а резултатите од тренингот се послаби.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.