Ако сте пробале сè, но никако не можете да ослабите, еве каде грешите!

Само вака ќе ја доведете линијата до совршенство

Постојат многу диети, но само една дава најдобри резултати – сè додека не ја прилагодите исхраната на вашиот тип на градба, килограмите нема да се стопат

Формата на телото одредува која храна најмногу ќе ви одговара, а нутриционистите велат дека токму таквиот начин на исхрана дава најдобри и најбрзи резултати.

Постојат 3 категории градба на тело и тоа, форма на јаболко, круша и песочен часовник. Луѓето со форма на песочен часовник имаат најдобар метаболизам, додека другите два типа градба се посклони на дебелеење, Секој тип градба поинаку ги складира маснотиите и поинаку троши енергија, па затоа потребна е различна исхрана.

Ако пробате да се храните според препораките за вашата градба, ќе се изненадите од тоа колку брзо ќе забележите резултати.

Диета за тип на градба: Јаболко

Луѓето со тело со форма на јаболко страдаат од вишок инсулин и кортизол, па таложат маснотии во пределот на стомакот. Овој тип на тело се нарекува ендоморфен. Повеќето масни наслаги се на стомакот, додека рацете и нозете се генерално вити.

План за исхрана: Нутриционистите советуваат да ја исфрлите масната храна и да се фокусирате на внесување попосно месо. Исто така, зголемете ја количината на бавни јаглехидрати, како што се хељда и просо. Јадете повеќе протеини и зеленчук, додека шеќерите би требало да ги сведете на минимум. Стремете се кон балансирана распределба: 30% јаглехидрати, 35% протеини и 35% масти.

Пример за мени:

Појадок: 1 јајце, грст млад спанаќ, 2 лажици сечкана моцарела, 2 листа пршута, 1 парче леб од цело зрно

Ужина: 1 јаболко, 1 лажица путер од кикирики

Ручек: Салата со пилешко месо

Ужина: 1 круша и 1 парче тврдо сирење

Вечера: 85 г пилешки гради без кожа, маринирани во соја-сос и во сок од портокал, 1 мал печен компир со лушпа

Десерт: 1 чаша јогурт, 2 лажици цели житарки, 1/2 шолја боровинки

Диета за тип на градба: Круша

Крушовидниот облик на тело, поинаку наречен ектоморф, се карактеризира со послаб горен дел од телото, а маснотиите се таложат во колковите и бутовите. Брзиот метаболизам е позитивна карактеристика на крушовидното тело. Ако имате ваков тип на градба, исфрлете ги јаглехидратите и месото од исхраната.

План за исхрана: Зеленчук со влакна, кисело млеко, посно млеко, зрнесто овошје и овошје генерално.

Пример за мени:

Појадок: 1 шолја овесни снегулки, млеко, 1 банана, сок од портокал

Ужина: Неколку крекери и моцарела

Ручек: 2 парчиња интегрален леб, 2 парчиња шунка, 1 парче сирење, зеленчук

Ужина: 1 шолја јогурт, 1 јаболко

Вечера: Печени пилешки гради на жар, 1 шолја варен грашок

Десерт: чоколаден пудинг без шеќер

Диета за тип на градба: Песочен часовник

Овој тип на градба поинаку се нарекува мезоморф. Кај оваа форма на телото, обемот на градите и колковите е приближно еднаков, додека масните наслаги се насобираат складно.

План за исхрана: Бидејќи овој тип на тело спаѓа помеѓу јаболко и круша, треба еднакво да се поделат макронутриентите на јаглехидрати, протеини и масти. Пробајте од вкупниот број калории што ги внесувате да распоредите по една третина од секоја од овие групи, но одбегнувајте ги десертите.

Пример за мени:

Појадок: омлет, печурки, пиперка и моцарела, 2 парчиња мисиркина салама и парче леб

Ужина: суво грозје и грст бадеми

Ручек: 1 шолја супа по избор, салата, варено јајце, парче сирење, парче леб

Ужина: 1 шолја житарки со висок процент на влакна, 3/4 шолја млеко

Вечера: 100 г лосос во соја-сос, 1/2 шолја варен кафеав ориз, зеленчук

Десерт: 1 шолја јогурт и 1 праска

Високо протеинска диета за брзо слабеење – до 9 килограми за само две недели.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.