Ако се храните вака, речиси и да не постои шанса да се здебелите: Проверете зошто моментално ова е најпопуларната диета!

Слабејте здраво

Поради овој начин на исхрана Кинезите се слаби и здрави, а сè повеќе луѓе се придржуваат до овие правила

Ако некогаш сте читале за кинеската култура и традиционална медицина, сигурно сте запознаени со концептот на двата принципа јин и јанг, кој се применува во сите аспекти од животот и здравјето, вклучувајќи ја и исхраната.

Јин, кој традиционално се смета за женски дел, и јанг, кој важи за машки дел од совршениот круг, заедно воспоставуваат рамнотежа со спротивставените сили. Кинезите веруваат дека исклучително важно е да правите сè во животот, па и да се храните така што таа деликатна рамнотежа нема да се наруши.

Секој човек има единствен однос на јин и јанг во своето тело и затоа треба да ја приспособи исхраната според својата внатрешна рамнотежа. Секој тип на градба може да се подели на јин, јанг и неутрален тип. Еве како да препознаете во која група припаѓате и која храна треба да ја јадете за одржите добра линија, но и здравје:

Јанг тип на градба

Луѓето со овој тип на градба се одликуваат со силна конституција, голема издржливост и енергија. Телото често им се загрева, обилно се потат и лесно црвенеат, особено налето.

Јин тип на градба

Луѓето со овој тип на тело имаат бледа кожа и кршлива телесна градба. Чувствителни се на студ и провев, повеќе им годи топлина.

Неутрален тип

Луѓето со овој тип градба имаат позабавен метаболизам и тешко губат килограми. Иако знаат да држат и најригорозни диети, многу бавно топат маснотии. Исто така, топлината не им годи.

Сега кога го одредивте типот на градба на телото, погледнете на кои намирници би требало да се базира вашата исхрана. Доколку сакате да ја одржите линијата, јадете ги овие намирници во нормална количина, а ако сакате да ја регулирате тежината, се препорачува да броите калории и нивната количина да биде ограничена на 1400 дневно.

Јанг
  • Кајсии
  • Говедско месо
  • Кофеин
  • Лута црвена пиперка
  • Пилешко месо
  • Цимет
  • Јајца
  • Брашно
  • Лук
  • Ѓумбир
  • Црн бибер
  • Овчо месо
  • Овесна каша и житарки
  • Кромид
  • Кикирики
  • Тиква
  • Лосос
  • Сардини
  • Сладок компир
  • Школки
Јин
  • Јаболка
  • Банани
  • Грав
  • Брокули
  • Зелка
  • Диња
  • Карфиол
  • Целер
  • Грашок
  • Краставици
  • Грозје
  • Кромид
  • Зелена салата
  • Печурки
  • Праски
  • Морски алги и други морски плодови
  • Зрна од соја
  • Спанаќ
  • Тиквички
  • Тофу
  • Репка
  • Лубеница
  • Јогурт
Неутрален тип
  • Морков
  • Мисиркино месо и месо од патка
  • Праски
  • Свинско месо
  • Зајачко месо
  • Суво грозје
  • Ориз
  • Житарки
Високо протеинска диета за брзо слабеење – до 9 килограми за само две недели.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.