Ако сакате да изгубите тежина, јадете ја оваа наминица пред секој оброк: Драстично го намалува апетитот, тврди руски нутриционист!

Ја убива желбата за слатки, го намалува апетитот

Фото: Unsplash

Ако сакате да изгубите тежина, треба да консумирате помалку калории од вообичаеното, на сите им е јасно, но спроведувањето на оваа идеја не е лесно за никого. Сепак, постои трик што ќе го измами гладот ​​и ќе го намали апетититот, тврди рускиот нутриционист, Алексеј Ковалков.

На овој начин, ќе јадете двојно помалку, килограмите ќе почнат да се топат, но нема да чувствувате глад во ниту еден момент.

За да избегнете прејадување, треба да го започнете оброкот со трици, вели тој.

„Триците се одлични затоа што даваат чувство на ситост.“

Според Ковалков, ќе избегнете прејадување ако јадете каша направена од неколку трици и малку вода пред јадење. Секако, се препорачува луѓето кои се склони кон огромно внесување на храна и имаат зголемен апетит, да се консултираат со лекар кој ќе најде индивидуален пристап кон решавање на овој проблем.

Овесните трици се богати со витамини, минерали и растителни влакна. Покрај тоа што го намалуваат апетитот и го забрзуваат метаболизмот, тие ја стимулираат работата на цревата и имаат малку калории.

Покрај тоа, тие го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од дијабетес и се верува дека можат да го регулираат нивото на холестерол.

Прочитајте и: Може да го уништат дигестивниот тракт: 4 намирници кои никогаш не треба да ги јадете на празен стомак!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.