Ако имате главоболка, внимавајте што јадете

Обрнете внимание

Фото: Getty Images

Нема полошо чувство од тоа кога ќе се разбудите со главоболка, нели? Главоболката е еден од најчестите здравствени проблеми, а низа фактори можат да доведат до оваа непријатност.

Но, дали знаевте дека консумирањето на одредена храна може да го влоши овој проблем? Да, може да биде и затоа што некои од нив содржат елементи кои предизвикуваат одредени промени во телото и на тој начин можат да ја влошат главоболката.

Еве храна што треба да ја избегнувате при главоболка:

Авокадо

Авокадото е потенцијален извор на тирамин, компонента што предизвикува стеснување и проширување на вашите крвни садови, предизвикувајќи главоболки.

Сувомеснати производи

Сушено месо, виршли и други видови производи од месо и сувомеснати производи се полни со нитрати и нитрити, кои им се додаваат, така што производите остануваат во најдобра можна состојба. Овие компоненти влијаат на проширувањето на крвните садови, а со тоа и на главоболката. Исто така, овие намирници се полни со сол, па затоа треба да ги консумирате што е можно помалку.

Соја сос

Соја сосот содржи високо ниво на натриум, како и мононатриум, што предизвикува дехидратација, што може да придонесе за главоболки. Ако навистина не можете без соја сос, обидете се да ја ограничите неговата употреба што е можно повеќе.

Сирење

Како и авокадото, сирењето и производите од сирење содржат високо ниво на тирамин, што предизвикува главоболки, па можеби ќе сакате да размислите за ограничување на потрошувачката на сирење во вашата исхрана барем на денот кога имате главоболка.

Алкохол

Не треба да помислувате на алкохол во случај на главоболка. Алкохолни пијалаци се полни со состојки кои штетно влијаат на крвните садови, а исто така предизвикуваат и дехидрираност, што има и лош ефект.

Прочитајте и: Едноставен начин да го намалите инсулинот и да ослабите: Пред спиење испијте чаша од оваа напивка!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.