Најдобро е да го одбегнувате ова овошје ако се обидувате да ослабите
Вистина е дека зборуваме за фруктоза, овошен шеќер, но шеќерот, сепак, е шеќер. Ова особено важно е за лицата со дијабетес и за сите оние што сакаат да внесуваат помалку шеќер.
Еве за кое овошје станува збор…
Грозје
Без разлика дали е црно, бело или розово, процентуално гледано во грозјето просечно има околу 16 отсто шеќер. А доколку посегнете по суво грозје, треба да знаете дека тоа содржи дури 60 отсто шеќер, поради што важи за овошје со убедливо најмногу шеќер.
Смоква
Сто грама смокви (просечно две свежи овошки) содржи 16 грама шеќер. Кај сувите смокви, процентот на шеќер е поголемо и изнесува околу 48 отсто.
Манго
Ова егзотично овошје е здраво и има сочен вкус. Содржи влакна и други хранливи материи што ви се потребни. Но има и природен шеќер, а некои плодови содржат повеќе шеќер од други. Процентуално, просечното манго содржи околу 15 отсто шеќер. Ова овошје не е најдобриот избор ако се обидувате да внимавате на својата тежина или следите колку шеќер јадете.
Јапонско јаболко
Јапонското јаболко е полно со фитонутриенти, но и со шеќер. Процентуално гледано, јапонското јаболко содржи 13 отсто шеќер, како и околу 3,6 отсто влакна.
Суво овошје
Сувото овошје има некои позитивни страни: богато е со влакна, витамини и минерали. Но полно е и со шеќери. Па така, не треба потполно да го исфрлите од исхраната, но подобро е да го јадете ретко и во контролирани количини.