5 салати од цвекло за појадок, ручек и вечера: Го зајакнуваат телото, ги прочистуваат цревата и крвните садови

За здравје на целиот организам

Shutterstock

5 рецепти за оброк-салати од цвекло

За цвеклото се знае дека ја нормализира работата на срцето и крвните садови, го забрзува метаболизмот, го стимулира имунолошкиот систем, го елиминира уморот и ја подобрува мозочната активност. Сепак, најдобрата придобивка од цвеклото е тоа што ги прочистува крвните садови и црниот дроб.

За да ги искористите сите придобивки од цвеклото, мора да го јадете една недела, секој ден. Затоа, ви предлагаме 5 рецепти за салати од цвекло што може да послужат како оброк, особено за време на постовите.

Вкусна салата од цвекло: за добро варење и чисти крвни садови

Ова јадење му помага на телото да ја свари масната храна, а крвните садови ги прочистува така што ја подобрува циркулацијата.

Состојки:

  • 1 свежо свекло
  • 1 свеж морков
  • 3 чешниња лук
  • 100 г ореви
  • сол и бибер
  • маслиново масло (јаболков оцет по желба)

Приготвување:

Изрендајте ги цвеклото и морковот, додајте ситно сечкан лук и ореви, па сето тоа зачинете го со масло и со јаболков оцет. Додајте сол и бибер.

Салата од цвекло и зелка: ги елиминира токсините од организмот

Ако имате проблем со забавен метаболизам, ова е салатата за вас.

Состојки:

  • 1 цвекло
  • 200 г зелка
  • 2 јаболка
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица лимонов сок
  • зачини и свеж магдонос

Оваа салата популарно се вика „метла“, и тоа со причина. Совршено ги отстранува токсините, поради што го подобрува здравјето. Ги лекува проблемите со кожата и го отстранува лошиот здив.

Изрендајте ги сите состојки и измешајте ги со масло и сок од лимон. Додајте сол, бибер и свеж магдонос.

Салата од цвекло и јаболка: одлична за доцна вечера

Оваа мешавина од овошје и зеленчук има совршен вкус. Благотворно дејствува на кожата и го обновува здравјето.

Состојки:

  • 1 цвекло
  • 2 јаболка
  • 3 лажици сок од лимон
  • 1 лажица мед

Приготвување:

Цвеклото и јаболката излупете ги и исечкајте ги на коцки. Додајте лимонов сок и лажица мед. Сето тоа измешајте го и уживајте во лесната вечера.

Салата од цвекло и сирење: гурманско доживување што не се заборава

Состојки:

  • 1 цвекло
  • 150 г пармезан
  • 2 моркова
  • 3 чешниња лук
  • 50 мл павлака
  • сол и бибер

Приготвување:

Исчистете ги цвеклото и морковот, па изрендајте ги и додајте ситно сечкан лук. Сето тоа прелејте го со павлака и пармезан, додајте зачини и промешајте. Уживајте во совршената салата.

Салата од цвекло и јогурт: за совршена убавина

Ова јадење ја обновува и ја чисти кожата на лицето. Со редовна употреба, станува еластична, поздрава и посвежа.

Состојки:

  • 1 цвекло
  • 150 мл јогурт
  • 150 г суви сливи
  • 150 г ореви
  • 1 лажиче мед

Исчистете го и изрендајте го цвеклото, а сувото овошје и оревите исечкајте ги на ситни парчиња. Потоа, сето тоа измешајте го и додајте јогурт и мед.

За да го зајакнете и прочистите телото, не ви требаат скапи препарати. Доволно ви е само едно цвекло!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.